Светската популација на пчелите се наоѓа под голема закана наскоро да исчезне од лицето на Земјата. Според експертите, доколку нивното исчезнување продолжи, тоа нема да значи само крај за овие раскошни инсекти, туку и ќе влијае неверојатно штетно врз самото човештво.

Прекумереното и несоодветно користење на пестициди во земјоделската култура, неконтролираното репродуцирање на одредени паразити, климатските промени и човечкиот фактор се причините кои придонесуваат секојдневно во голема мера да се намалува популацијата на пчелите ширум светот.

Во продолжение следуваат факти зошто пчелите се од голема важност за човекот и што може да направиме за да го спречиме нивното исчезнување:

1. Се грижат за третина од глобалното опрашување

Пчелите се најважниот светски опрашувач на храната при земојделските култури. Се проценува дека развојот и квалитетот на една третина од храната што ја консумираме секојдневно зависи токму од опрашувањето, направено главно од пчелите, но и од други видови инсекти. Многу увезени овошја меѓу кои и авокадо, соја, сусам, киви, аспарагус, целер, дињи, но и краставиците, праските, црешите и други бројни култури ги опрашуваат пчели.

2. Помагаат и во опрашување на други култури

Опрашувањето не е само клучно за храната на нашата маса, туку е неопходно и за други култури како кафето и памукот, а се важни и за опрашувањето и на луцерката и детелината, кои се користат за хранење на добитокот. Токму затоа пчелите се од огромна важност во обезбедувањето на храна и за други видови животни, со што го продолжуваат синџирот на исхрана.

3. Тие се индикатор за здрав екосистем

Опрашувањето од страна на пчелите е важно и за одржување на генетската разновидност на цветните растенија. Тоа значи дека онаму каде што има присуство на пчели, работите функционираат природно, без потреба од човечки фактор. Се разбира ова не се однесува само на цвеќињата, туку и на овошјата и зеленчуците.

4. Тие се економска сила

Британското Здружение на пчелари проценува дека пчелите даваат придонес во вредност близу 185 милиони долари кон државниот буџет и тоа проценето само за В.Британија. Многу цветни култури на комерцијалната храна зависат од опрашувањето на пчелите. Дури и да не се опрашени директно од пчелите, пчелите директно влијаат врз одржувањето на нивната здрава и природна средина. Во Мексико пак, тамошното Здружение на пчелари проценува дека пчелиното опрашување дава заработка во вредност од 2 милијарди долара за домашниот буџет.

5. Тие се едни од најтрудољубивите суштества на светот

Работните пчели се организирани и здружени во едно ригорозно природно општество и секоја со нив се одликува со своја индивидуална улога и труд што ги вложува во пчелната колонија.

  • Пчели-чистачи: Одговорни за чистење на кошницата.
  • Медени пчели : Одговорни за произведување на матичен млеч.
  • Градители на саќе: Развиваат жлезди потребни за изградбата на саќето.
  • Фуражни пчели: Ја земаат храната и ја складираат во кошницата.
  • Пчели-чувари: Се грижат за безбедноста на пчелите и спречуваат да не влезат други пчели или оси.
  • Запалувачки пчели: Го генерираат протокот на воздухот за да го дехидрираат нектарот.

Според шпанската пчеларска организација Екоколемана, во една колонија има од 15 до 80.000 пчели.

6. Тие се одговорни за разубавување на планетата

Без опрашување, нема да имаме цвеќиња, па така работата на вредните пчели се одразува врз секоја боја, текстура и мирис што го гледаме и чувствуваме во природата. Прекрасните пејсажи, парковите и целосната природна убавина се можни само со вредното работење на овие црно-жолти инсекти

7. Тие се едни од најважните инсекти

Институтот Earth Watch ja прогласи пчелата како еден од најважните инсекти во светот. Д-р Џорџ Мекгевин проценува дека четвритна од милион видови на растенија, цвеќиња и други инсекти зависат токму од пчелите, а светот би бил монотон без истите.

8. Медот не е единствената работа што ја произведуваат

Пчелиниот восок е најчистата и најприродна супстанца. Истовремено, пчелите се одговорни за производството на пчелин полен, прополисот и матичниот млеч. Сите овие производи се резултат на макотрпен процес кој бара многу труд.

Како да го спречиме исчезнувањето на пчелите

Со оглед на прогласената вонредна состојба на пчелите и заканата од нивно целосно исчезнување, мексиканскиот Граѓански совет сугерира низа мерки кои секој од нас може да ги преземе за да го спречиме овој негативен процес.

  • Засадете природни цвеќиња во вашата градина, паркот, па дури и на балконот. (Може да засадите лаванда, далија, маргаритки и сончогледи)
  • Избегнувајте користење на хемиски пестициди и користете природни (Како што е лукот и биберот)
  • Не го уништувајте саќето.
  • Кога пчелата е во опасност, како на пример- се дави во вода или е заглавена некаде, хидратирајте ја истата со вода и мед.
  • Изградете природно засолниште за пчелите користејќи дрво како материјал.
  • Поставење фонтана или било каков извор за пиење вода надвор.
  • Придонесете за обновување на органското земјоделство со консуирање на локално произведена храна.