Битлси ја отпеаја песната „Сè што ти треба е љубов“, но во реалноста, кавгите и несогласувањата се тие што всушност им даваат сила и карактер на односите. Иако може да се чувствувате повредени по кавга со партнерот, психолозите ни велат дека „конфликтите“ им овозможуваат на паровите подобро да се запознаат едни со други. Погледнете кои знаци покажуваат дека вие всушност имате здрава врска и покрај сомнежите.

Вие велите „ние“ наместо „јас“.

„Ние сме за заљубени“, „Ние чекаме бебе“. Иако ова за некои звучи чудно, за врска се потребни двајца, а психологијата ни кажува дека користењето на „ние“ го конкретизира фактот дека вие и вашиот партнер си го чувате грбот во врската.

Се прашувате едни со други.

Дали сè уште ја прашувате вашата сакана како се чувствува, каде оди или со кого се дружи? Она што може да изгледа како „љубопитност за нечиј живот“ е всушност покажување на грижа која пак помага во зајакнување на вашата врска и притоа ја оживува романтиката.

Вие се согласувате дека не се согласувате.

Конфликтите се нормални во секоја врска – па дури и се потребни за одржување на здрава врска. Несогласувањето за одредени прашања покажува дека сте две различни лица со различни гледишта, но сепак успевате да бидете заедно и да најдете причини да се сакате.

Отворено зборувате за лоши искуства во минатите врски.

Дали треба да зборувате за вашите минати врски и раскинувања со вашиот партнер или сопружник? Според психолозите, да треба, но само за позитивните работи што сте ги научиле од негативните искуства. Студиите откриле дека не сите раскинувања се лоши, затоа што тоа искуство може да ве научи на многу работи и на крајот да бидете подобра личност поради тоа.

Поставувате граници.

Според експертите, нема здрава врска без да има граници кои дејствуваат како основа за емоционална интимност. Некои граници што вие и вашиот партнер може да ги разгледате се:

Како им се обраќате на другите (душо, мило итн…)

Вашиот приватен простор (кои предмети не смее да се допираат)

Што објавувате на социјалните слики (вашата врска, заеднички слики)

На кратко ги оставате своите деца за да се фокусирате на вашата врска.

Повеќето родители даваат се од себе за да се погрижат нивните деца да бидат добро згрижени, па кога ќе се појави можност за слободен ден, за нив е природно да се чувствуваат малку виновни што ги оставаат своите деца и да одат сами на прошетка. Но психолозите ни велат дека партнерите треба да се фокусираат на нивниот брак и врска, пред нивното семејство.Одвојувањето време за состаноци или одмор ви овозможува да изградите поцврста и подобра врска едни со други.