Што можам да направам за да го заштитам моето семејство и себе од загадениот воздух?
Загадениот воздух ги претставува супстанциите во воздухот, вештачки или природни, кои можат да му наштетат на здравјето на човекот и на животната средина. Честички од запален јаглен, фосилни горива и дрво можат да се длабоко во нашите бели дробови и да се прошират во крвните садови низ телото. Загадувањето е ден од најголемите проблеми во градовите низ Македонија и ретко загадувањето е под 100 ПМ 10 честички, што е алармантен знак дека треба да се преземат повеќе мерки за решавање на овој проблем. Сепак додека да се реши проблемот потребно е сите индивидуално да се заштитиме себеси и нашите најблиски. Затоа следете ги овие неколку совети.
Кој е засегнат од загадувањето на воздухот?
Иако сите се засегнати од загадувањето на воздухот, луѓето кои се особено изложени на ризик се:
- луѓе со астма
- луѓе со срцеви заболувања
- луѓе со респираторни заболувања
- деца
- активни возрасни лица кои вежбаат на отворено
- постарите возрасни лица
- луѓе со дијабетес
- бремени жени
Како се мери нивото на загадување на воздухот?
Нивото на загадување на воздухот најчесто се мери преку ПМ честичките, кои се присутни во воздухот. Овие честички се многу мали, со димензии од неколку микрометри или скратено микрони. Присуството на ПМ честичките во воздухот најчесто се мери во микрограми на метар кубен за честички со димензии ПМ 2,5 и ПМ 10. ПМ 2,5 ги опфаќаат сите честички помеѓу 0 и 2,5 микрометри. ПМ 10 ги опфаќаат сите честички помеѓу 0 и 10 микрометри. Доколку земеме во предвид дека дозволената граница за ПМ 10 честички во текот на денот е 50 микрограми/м3, а за ПМ 2,5 25 микрограми/м3, можеме да заклучиме дека загаденоста во Скопје и останатите поголеми градови во Македонија е прилично алармантна.
Што можам да направам за да го заштитам моето семејство и себе?
Загадувањето на воздухот е највисоко попладне, па планирајте ги вашите активности на отворено за рано наутро или доцна навечер. Избегнувајте пешачење или возење велосипед на прометни улици, или доколку ги извршувате овие активности носете посебна заштитна маска за спортски активности. Ако заглавите во сообраќај, користете го рециклираниот воздух на климата за да ги намалите гасовите.
Ако сте на локација каде што не можете да избегате од загадувањето, задолжително користете заштитна респираторна маска, како за вас така и за вашите деца, таа ќе ви помогне да ги филтрирате гасовите и чадот.
Храна богата со антиоксиданси, како овошјето и зеленчукот, исто така можат да помогнат да го заштитите вашето тело од штетните ефекти на слободните радикали создадени од загадувањето на воздухот.
И за крај, не заборавајте дека затворениот простор може да биде загаден, исто така. За да го ограничите загадувањето во домот, следете ги следниве препораки:
- Купете си квалитетен прочистувач на воздух
- Избегнувајте освежувачи на воздух и свеќи.
- Често чистете со правосмукалка
- Исперете ги чаршафите и плишаните играчки за да се ослободите од прашината
- Исчистете ја мувлата од тврди површини
- Отворете ги прозорците за да циркулира воздухот, но само во деновите кога квалитетот на воздухот е добар.
Medicus Help ви нудат висококвалитетни заштитни маски и прочистувачи на воздух, во зависност од големината на вашиот простор. Не заборавајте дека сопственото здравје и здравјето на најмилите е најважно, а загадениот воздух е вашиот најголем непријател.