Сигурно сте се запрашале како би било да пловите на легендарниот Титаник. Еден австралиски милијардер беше сигурен дека многу луѓе би сакале да го сторат тоа, избегнувајќи го трагичното потонување, се разбира. Така, тој започна грандиозен план за изградба на Титаник II, прецизна копија од оригиналниот брод. И враќањето на овој прекрасен брод доаѓа наскоро.

Решивме да дознаеме повеќе за Титаник II и веднаш посакавме да купиме билет и да се вратиме во 1912 година, овојпат без сантата мраз. Еве што откривме за преродбата на Титаник.

1. Како се роди идејата?

Во април 2012 година, милијардер по име Клајв Палмер основал компанија наречена Blue Star Line. Инспирирана од компанијата, White Star Line, која го„ роди“ оригиналниот Титаник. Неговата идеја била да создаде реплика на легендарниот брод и да го нарече Титаник II. Тој е сигурен дека луѓето кои се воодушевени од драматичната приказна на Титаник би сакале да ја доживеат сами, но, се разбира, овој пат трагичното потонување не е во планот.


2. Бродот можеби го видел светот порано.

 

 

Првичниот план на Палмер бил да отплови во 2016 година, но бродот, кој требало да биде изграден во Кина кон крајот на 2013 година, никогаш не ја напуштил земјата поради финансиски проблеми. Дизајнирањето и тестирањето на бродот започна во есента 2018 година. Сега компанијата Blue Star Line разговара за договори за изградба и откако се` ќе заврши, ќе објави кој ќе го изгради Титаник II и ќе развие временска рамка за кога бродот ќе замине на своето прво крстарење.

3. Како ќе изгледа Титаник II и колку ќе чини билет?

Новиот Титаник ќе чини околу 500 милиони долари. Ќе има капацитет од 2.400 патници и 900 членови на екипажот, исто како и неговиот претходник. Она по што ќе се разликува од Титаник е тоа што новиот брод ќе биде опремен со модерна опрема за навигација и доволно чамци и елеци за спасување за сите. Новиот Титаник има ист распоред на кабина и идентична архитектура, ентериери и луксузни елементи како и Титаник. Бродот има дури и соби по класи: прва, втора и трета.


Цената на билетот за новиот Титаник се очекува да биде значително пониска од цената на неговиот претходник. Билетите за стариот  Титаник можеле да чинат до 100.000 американски долари во денешна противвредност. Иако цените за новиот Титаник се` уште не се објавени официјално, тие би можеле да достигнат од 350 до 900 долари кога бродот конечно ќе го види светот.