Течниот лифтинг стана новиот брз и интензивен метод кој дава импресивни резултати и го враќа вашето лице во младоста
Што мислите, што најмногу го „остарува“ нашиот изглед? Дали се тоа фините линии и брчки? Промена на бојата на кожата? Висната кожа? Вистината е дека станува збор за комбинација на сите овие фактори, но постои една главна причина што придонесува за висната кожа, фини линии и брчки, а тоа е губење на полнотата на лицето.
Ова е навистина сурова иронија бидејќи како што старееме ги собираме мастите на сите делови од телото, но ги губиме оние на лицето. Помислете на младешко лице и најверојатно на ум веднаш ви доаѓаат полни и румени образи. Тоа е затоа што мастите играат голема улога во пополнувањето на кожата и ги одржуваат нашите лица да изгледаат мазни и еластични.
Се разбира, губењето на маснотиите не е единствениот фактор во равенката. Исто така, постои загуба на колаген, кој нашите тела престануваат да го произведуваат на околу 25-годишна возраст. Во помал степен, на нашиот изглед на лицето влијае и губењето на мускулите што го придружува процесот на стареење. Сето ова додава до вкупно намалување на полнота на лицето.
Значи, ако загубата на исполнетост е првенствено одговорна за стареење на нашите лица, тогаш зошто да ги затегнуваме нашите лица? Иако и овој метод на лифтинг се применува, дерматолозите се почесто применуваат нов начин на подмладување на кожата, со кој наместо да ја затегаат, ја пополнуваат одвнатре. Добредојдовте во ерата на ТЕЧНИОТ ЛИФТИНГ (liquid facelift).
Што е тоа течен лифтинг?
Течниот лифтинг подразбира кревање, полнење, измазнување и / или повторно контурирање на лицето преку употреба на инекции, дермални филери како што се Радиесе и Скулптра. Овие производи се произведуваат на различни начини користејќи различни материјали, а нивните специфични апликации се разликуваат. Како дел од целокупната постапка, овие производи често се користат во комбинација едни со други и заедно со ботоксот.
Секоја процедура е уникатна сама по себе и зависи од пациентот, односно од состојбата на неговото лице и желбите и барањата. Професионалните дерматолози точно знаат да определат каков вид на течен лифтинг ви е потребен. Важно е да се напомене да посетите само добро позната дерматолошка ординација и да не дозволувате т.н козметичари и „експерти со курс“ да ја применуваат оваа процедура на вас.
Дали ова е лифтингот на иднината?
Течниот лифтинг е одлично решение да се решат проблемите со стареењето без да се оди под нож. Од многу аспекти кај оваа процедура ризиците се помали од оние на хируршки пристапи, а резултатите можат да бидат доста импресивни од естетска гледна точка.
Затоа не чекајте, бидете и вие дел од иднината на светот на „вечната младост“. Закажете си термин кај најдобрите. Ординацијата Др Анчевски ќе ви понуди брзо, ефикасно и професионално решение за вашиот проблем, потребно е само да се јавите на 02 321 66 08 или директно да закажете термин во нивната ординација.