Студентот по архитектура, претставувајќи се едноставно како Ханк, реши да претвори стар автобус во вистински удобен дом. Тој бил изморен да гледа многу нереализирани архитектонски проекти, па затоа решил работата да ја преземе во свои раце.

По 3-годишните студии не му преостанало ништо друго, освен да си купи стар автобус и да го претвори во луксузен дом, заедно со помошта на неговиот брат и најдобриот пријател. Така, по 14 недели работа, автобусот бил претворен во нешто многу повеќе од само превозно средство.

Сега автобусот е вистински дом кој располага со кујна и бања, а притоа на покривот има две прозрачни стакла кој овозможуваат прекрасна ѕвездена глетка во текот на ноќта.

Големиот двоен кревет може да се претвори во простор за седење. Кујната располага со мијалник, ладилник и шпорет, а малата бања е сместена во задниот дел на автобусот.

Поголеднете ги во продолжение извонредните резултати од креативниот труд на овој генијален студент: