Повеќето од нас знаат дека треба да повикаме полиција само во итни случаи за да не блокираме потенцијален повик од некој кој е навистина во опасност.

Но, се чини дека некои луѓе не го добија ова известување затоа што полициските диспечери редовно добиваат повици од луѓе кои се бесни затоа што изгубиле во партија „Не лути се човече“ или не знаат како да зготват мисирка за Денот на благодарноста.

Во објава на Reddit диспечерите ги споделија „ситниците“ за кои луѓето се јавиле на 192, и искрено некои од нив требаше да ги прочитаме два пати за да се осигураме дека нашиот ум не си поигрува со нас.

Изненадувачки голем број од повиците биле поврзани со храна. Еден диспечер сподели дека еднаш некој се јавил за да го побара бројот од „Доминос пица“, а друг кажа дека една жена му се јавила бидејќи редот за KFC бил многу голем па таа сака полициски службеник да чека наместо неа.

Трет диспечер се потсети:

„На времето една бремена жена ми се јави за да пријави дека ресторанот од кој што нарачала храна ѝ ја згрешил нарачката и не сакале да ѝ ги вратат парите. Таа ја фрлила храната кон работникот, кој подоцна и самиот се јави за да пријави што се случило“.

Некои од повиците биле едноставно бизарни како на пример жената што се јавила „затоа што чивавите на нејзиниот сосед имале с*кс и смета дека тоа е одвратно“.

Еден млад дечко се јавил бидејќи неговата мајка го одзела неговиот PS4, но тој го пријавил тоа велејќи: „Мајка ми се обидува да ме повреди психички и физички“. Кога полицијата пристигнала тие откриле за што станува збор.

Друг диспечер сподели:

 „Добив повик од една 90-годишна дама која ме праша каква ламба треба да стави во спалната соба. Јас ѝ реков дека не знам и дека немам кој да прашам по што таа се налути и рече дека ќе се јави на 192. Се обидов да ѝ објаснам дека веќе зборува со полициски диспечер и дека линијата ја држи зафатена без причина, но беше предоцна. Таа се јави по 15 секунди и ме праша каква ламба да стави во спалната соба“.

Иако е интересно да се читаат вакви приказни, повикувањето на итни служби за вакви ситници губи драгоцено време и ресурси, а дел од овие „проблеми“ можат да се решат со едноставно и брзо пребарување на Гугл.