Сте купиле чудесна билка. Ја носите дома, ја сместувате во најубавиот агол од вашиот дом, правите чекор назад и се насмевнувате, како што нов родител му се насмевнува на своето дете, со восхитување.

Потоа поминуваат неколку недели, лисјата започнуваат да жолтеат, а вие се обидувате да му помогнете со ѓубриво, но растението за жал, умира. Сите од нас сме биле во таква ситуација премногу пати, зарем не?

Но, пристигнаа добри вести! Паметна саксија ќе го претвори вашата омилена билка во живо суштество!

Паметната саксија „Луа“ ќе го оживи било кое ваше растение- како да е миленик!

Технолошката компанија „Mu Design“ се досети на една брилијантна идеја, со која ќе им помогне на милиони луѓе ширум светот, како најлесно и наједноставно да се грижат и да ги одржуваат во живот своите домашни растенија, правејќи ги среќни, така што ќе ги превторат на еден начин во свои домашни миленици, во стилот на легендарниот чипичан. Генијалната идеја им овозможува на растенијата да комуницираат со своите сопственици преку паметна саксија.

Користејќи компјутерска програма, ќе имате можност да видите точно како се чувствува вашето растение

Сè што треба да направите е до поврзете вашиот телефон со саксијата, притоа симнувајќи ја програмата и скенирајќи го QR кодот со вашата саксија. Истовремено, потребно е да одберете за каков вид на растение се работи, за да знаете што точно му е потребно на вашиот мал зелен пријател во моментот.

Емоциите на растенијата се прикажуваат на LED екран

Екранот на саксијата е во можност да ви покаже 15 различни емоции кои ги изразуваат основите потреби на растенијата, како што се потребата за светлина и вода. Истовремено, покажува кисело плачливо лице за да ве извести дали вашето последно наводнување било малку пообилно или постудено.

Сензор му овозможува да ги следи движењата околу него

Многу позабавно е да се грижите за вашиот мал зелен пријател, кој може да ги следи вашите движења. Внимавајте да не ја налутите вашата омилена билка, бидејќи во спротивно ќе се соочите со намуртено лице на екранот!

Саксијата прикажува низа емоции, вклучувајќи лик на вампир со отровни заби, за да знаете дека на вашето растение му е потребна светлина. Воедно, може да го осветли вашиот крзенен миленик, доколку зад ваш грб се обиде да си поигра со растението. Навистина генијално, зарем не?

Сепак, паметната саксија сè уште не е пуштена во продажба

Компаниајта се надева дека ќе може да го испорача својот производ до Декември, 2019-та година.