Зад пријатниот мирис на купечките освежувачи за простории се кријат многу токсични хемикалии како фенол, формалдехид и фталати. Овие елементи продираат во белите дробови и му штетат на нашето здравје.

Со цел да го сочувате вашето здравје, а покрај тоа, вашиот дом и понатаму да мириса неверојатно свежо и пријатно, може многу лесно да направите свој домашен освежувач, а еве и како.

Домашен освежувач на воздух

Прекрасните вишок тегли кои ги имате во домот сега може да ви бидат навистина корисни, без да ги фрлате.

Што ќе ви биде потребно

  • 1-2 мали убави тегли со капак
  • Сода бикарбона
  • Етерично масло или смеса од повеќе етерични масла по ваш избор

Начин на подготовка

На дното на теглата додадете сода бикарбона, формирајќи слој од 1 центиметар.

Следно, додадете 7-12 капки етерично масло.

Затворете ја теглата со капак и добро протресете ја содржината внатре.

Направете неколку мали дупки во капакот, користејќи шрафцигер и чук.

Затворете ја теглата со капакот со дупки, а домашниот освежувач е веќе готов!

Ако не можете да ја затворите теглата со капак, на дното поставете свеќа и запалете ја. Истата ќе помогне во зајакнување и проширување на пријатната арома низ домот.