Доналд Трамп го слави својот 75-ти роденден и како поранешен претседател на САД, тој оваа година нема да има можност да го прослави овој ден во Белата куќа. Сега тој може да се врати на тематските забави кои знае да ги прави најдобро.

Со текот на годините роденденот на Трамп донесе неколку раскошни, и често чисто бизарни настани, секако истакнувајќи ја длабочината на неговиот џеб.

И покрај тоа што повеќето славни личности повеќе нема да бидат фатени ни мртви на забава на Трамп, сепак во минатото овие забави беа хит, привлекувајќи некои од најголемите имиња во тоа време, од Лиза Минели до Памела Андерсон.

Списоците со гости честопати биле ексклузивни, но деталите за роденденските забави на Трамп често се прикажуваа во рубриките за озборувања следниот ден.

Еве неколку најнеобични начини на кои „големиот човек“ ги одбележал своите родендени низ годините.

1988 година: Џиновскиот вселенски брод

Прослава со вселенска забава можеби звучи идеално за шестгодишно дете, но очигледно тоа беше и совршен амбиент за 42-от роденден на Трамп. „Вашингтон пост“ извести за настанот, одржан во казиното „Атлантик Сити“ на Трамп, каде што имало огромен вселенски брод од 15 метри, кој лебдел над Трамп и неговата сопруга Ивана, за време на изведбата на „MJ’s Bad“. Ноќта, исто така, имло настапи од славни личности како Били Кристал и Лиза Минели, како и специјална честитка за роденден од претседателот Реган. Кој би помислил дека само 30 години подоцна Трамп ќе го прослави својот 72 роденден во Овалната соба?

1993 година: „Ренесансниот човек“

Пред неколку години, поканата од 47-тата роденденска забава на Трамп се најде на „Редит“. Поканата, која ветува „роденденска прослава на векот“ го покажува „ренесансниот човек “Доналд Tрамп. Трамп седи на престол со меч и крзнени наметки, а сопругата Марла клечи покрај него.

1994 година: Тарзан Трамп

Една година подоцна, Трамп повторно се обиде да се надмине себеси, испраќајќи покани за „ најлуда роденденска авантура“. Поканата со темата Тарзан го покажа Трамп облечени во ништо повеќе од животинска кожа, со неговата сопруга Марла клекната до него во костим за капење со леопардски принт. Поканите беа испратени со ознака „Трамп – Господар на финансиската џунгла“.

1996 година: Супер-Трамп

Во интервју, сопругата на Трамп рече дека се надева на мирна семејна вечера наместо роденденска прослава, но Доналд имал друг план. На прославата во кулата Трамп во Менхетен, присуствувале повеќе од 400 негови „најблиски“ пријатели. Салата за танцување била покриена со огромни фотографии од трамп како дете и (поради некоја причина) ледена скулптура од Марла Трапм како сирена. Но, главната атракција на вечерта била тортата во форма на џиновска верзија од Трамп облечен како Супермен, со знак $ на градите наместо S.

2005 година: Дон и Пем

Нема премногу детали за неговата 59-та роденденска забава, но во 2018 година, Памела Андерсон изјави  дека ѝ биле исплатени 500 долари за да присуствува заедно со голем број други модели на Плејбој. „Тој беше со жена, не знам која, но тоа не беше ништо посебно“, рече таа.