Невенчаните луѓе во Данска се „жртви“ на оваа „зачинета“ традиција
Секоја земја има свои традиции за роденден, без разлика дали тоа е дување на свеќи или правење на екстравагантни забави. Но уникатниот начин на Данска за славење родендени можеби е најчуден од сите.
Ако некогаш сте биле во Данска, можеби сте наишле на чудна прашкаста супстанца покрај дрвјата или уличните ламби. И според Данкинката Кели Луиз, има „разумно“ објаснување за ова.
Како што објаснува Кели, во Данска 25 -тиот роденден на жената се гледа како пресвртница, особено ако таа се` уште не е мажена. Кели вели дека на 25 -тиот роденден вашите пријатели и семејството „ќе ве врзат за најблискиот столб, ќе истурат вода врз вас и потоа ќе ве покријат со цимет“.
Звучи како лоша шега, но очигледно ова е традиција во Данска. „Колку цимет добивате зависи во голема мера од моралот на вашите пријатели“, вели Кели.
И за да не претпоставите дека само жените страдаат од овој третман, Кели открива и дека и мажите имаат своја верзија на традицијата, а неженетите 30-годишници се врзуваат и се покриваат со бибер.
Сето тоа значи дека, ако наскоро полниш 25 или 30 години и се` уште немаш прстен на рака, избегнувај го Копенхаген кога ја планираш роденденската забава.