Иако уметниците може да се родат во било кој хороскопски знак, повеќето уметнички души се уште се раѓаат во следните четири.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Овие луѓе го гледаат целиот свет како свое уметничко платно:

1. Бик

Биковите се одлични естетичари. За нив е исклучително важно во каков простор живеат, какви уметнички дела висат на sидовите, но она што им е најважно е како изгледаат. Затоа нивната уметничка нота се гледа преку еден креативен начин на шминкање и облекување што ги прави различни од другите.

2. Лав

Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието, а уште од млада возраст сонуваат да станат актери, пејачи или што било друго што ќе ги направи познати. Она што им оди во прилог на нив се многуте таленти со кои тие се благословени, така што во основа секоја уметност на која се посветуваат им оди од рака, било да танцуваат, пеат, глумат или нешто слично.

3. Рак

Раковите ги изразуваат своите емоции преку креативноста. Тие сакаат да сликаат, фотографираат, пеат и прават се што може да им послужи како „издувен вентил“. Сепак, не ги сакаат вниманието и сценските претстави, па затоа генерално нивниот уметнички  талент го чуваат како свој подарок за себе.

4. Водолија

Водолиите се исклучително иновативни и генијални во однос на нивната уметност. Тие сакаат да работат на проекти што никогаш претходно не биле видени, а нивната натпросечна интелигенција и смиреност им помага истите да ги претворат во чудесна реалност.