Сите сакаме да го вратиме младешкиот изглед и да заблескаме во посебна прилика од животот. Сепак не сакаме да губиме реме и пари на долги и компицирани процедури, кои чинат цело богатство. Иако звучи невозможно да се избегнат сите овие работи, имаме добри вести за вас. Постои брз, интензивен и импресивен третман со кој ќе предизвикате воздишки во просторијата и ќе се будите свежи и задоволни со својот изглед. Станува збор за течниот лифтинг (Liquid facelift) или уште познат како нехируршки лифтинг.

Што е течен лифтинг?

Течниот лифтинг се однесува на нехируршки процедури кои се дизајнирани за привремено враќање на младешкиот изглед. Неинвазивните третмани се побезбедни од традиционалните фацијални третмани и нудат посуптилни, природни резултати. Овој вид на лифтинг обезбедува голем број на „анти-ејџ“ резултати како корекција на брчки, контурирање на лицето и волуминација.

Овие постапки бараат одржување на секои 6 до 18 месеци во зависност од производот што се користи. Бидејќи процедурата се повторува имате можност да изберете „на кој начин ќе стареете“ со текот на времето со поприроден изглед. Специјалистите во ординацијата Др Анчевски се достапни за консултации и можат да ви кажат каков точно третман одговара за вашата кожа.

Иако можат да се користат повеќе методи за да се постигне саканиот ефект за почеток најмногу се преферираат мезоконците, кои по недела две може да се надополнат со ботокс, филери или слично, за да се постигне најдобриот резултат.

Што се мезоконци?

Лифтингот со мезоконци е еден од најновите светски лифтинг трендови, кој опфаќа користење на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот слој на кожата ја затега и подига опуштената кожа. Постапката е кратка и се изведува со помош на микро иглички кои внатре го содржат мезо конецот, кој што после аплицирање останува во кожата а игличките се вадат.

Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување. Предноста на оваа метода е што се постигнуваат брзи и долготрајни резултати со ефект на подигање и затегање на опуштената кожа на лицето и вратот, со апсолутно помали финансиски трошоци од хируршкиот лифтинг.

Како се одвива третманот?

Иако можеби звучи страшно помислата да се вметнуваат конци во лицето процедурата, воопшто не е болна и е сосема безбедна. Првин се нанесува анестетска крема која стои 30 минути, а потоа безболно се внесуваат конците со помош на многу тенка игла. Секако иглата веднаш се извлекува, а конците остануваат под кожата.

За оние кои се плашат од негативни ефекти, нема потреба од грижа, секако ако процедурата ја извршувате во проверена ординација и сте во рацете на искусен дерматолог. Може да има благо руменило и нензачителен оток, кои брзо исчезнуваат. По третманот ќе можете да си продолжите со секојдневните обврски. Ефектот може да се види веднаш, а по 2 до 6 месеци се гледа доцниот ефект.

Не чекајте, патот до совршено лице е на само еден чекор од вас. Јавете се во ординацијата Др Анчевски и закажете си консултации. Нивниот професионален тим ќе пронајде начин и средства како уште оваа лето да го вратите вашиот сјај и да бидете уште позадоволни со себе.