Нежната масажа со микроигли за природно подмладување на жените над 35 години е достапна и во Македонија
Сите сме запознаени со третманите со ботокс за брзо корегирање на недостатоците на лицето, кои се прилично ефикасни. Но, не толку луѓе слушнале за микроиглите, новиот неинвазивен начин да се постигне младешки, свеж изглед на кожата. Во оваа статија ќе дознаете за што станува збор, како функционира и каде можете да го добиете овој третман кај нас.
Што е дермаролер?
Тоа е уред со мали иглички, кој нежно се притиснува до лицето и вратот со што се прават контролирани, нежни микроубоди, со ова кожата преминува во „режим на поправка“. Оние што стравуваат од игли, не треба веднаш да ја отфрлат оваа техника бидејќи, во зависност од уредот што се користи, должината на микроиглите на дермаролерот може да варира од 0,5 до 3,0 мм, што е неверојатно мало во споредба со традиционалната игла. И, овие уреди се доволно нежни да се користат околу деликатната област околу очите.
Кои се придобивките од дермаролерот?
Кога вашата кожа ќе почне да се поправа само од себе предизвикува стимулација и продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни, и брчките на кожата, како и стриите. Исто така помага да се затегне кожата и да добие посвеж и младешки изглед.
Што треба да очекувате од професионален третман со микроигли?
Третманот може да се прилагоди на специфичните потреби на пациентот и може да резултира со само неколку часа црвенило, благ оток и еритема (црвени дамки), иако „направата“ може да ви делува страшно, воопшто не е така. Сепак, во зависност од нивоата на толеранција, овие симптоми може да траат еден до два дена. Ваквите третмани потребно е да се прават во реномирани ординации со цел да се избегнат несакани ефекти.
Колку пати и колку често ќе треба да го повторувате овој третман?
Бројот на третмани зависи од состојбата на кожата, но обично се потребни 3-5 третмани во интервали од 4-6 недели со третмани за одржување на секои 6-9 месеци.
Кога може да очекувате да ги видите резултатите од дермаролерот?
Со третманите во професионалните ординации, конечните резултати може да не се забележат додека не поминат неколку недели, а понекогаш и месеци, бидејќи колагенот го зголемува и еластинот во дермисот и за тоа е потребно време. Сепак, како и кај повеќето третмани зависи од индивидуата.
Каде да си закажете ваков третман?
Треба да се напомене дека не треба здравјето на вашето лице да го препуштате во рацете на аматери или пак самостојно да се обидувате да го користите дермаролерот. Вистински професионалци кои можат да ви помогнат да ја подмладите вашата кожа и да ѝ го вратите сјајот можете да најдете во дерматолошко естетската ординација „Др Анчевски“. Кај нив вашето лице е во сигурни раце, закажете си третман што е можно поскоро и „вратете се во младоста“.