5 начини на кои летото може да ја уништи вашата коса и како да се справите и да ги избегнете последиците
Вашата кожа не е единствената работа што може да се „спржи“ оваа лето. Вашата коса може да претрпи сериозно оштетување – и тоа не само од сонцето, туку и од хлорот во базен, солена вода, топлина и влажност. Запомнете дека косата е составена од мртви клетки и откако ќе се оштети, таа самостојно не може да се излекува. За среќа постојат начини на кои дерматолозите можат да ѝ помогнат на косата, за кои ќе дознаете понатаму во оваа статија.
1. Сува, кршлива коса
Летото едноставно не е целосно без одмор на плажа, но имајте на ум дека сонцето, солената вода и морскиот ветер навистина можат да направат огромна штета на вашата коса. Ултравиолетовите зраци од сонцето можат да ги разградат протеините на косата [почнувајќи со] кутикулата или надворешната обвивка на косата.
Додека солта во морската вода ја извлекувала влажноста од косата и со тоа ја прави кршлива. Косата исто така има тенденција да ја апсорбира влагата во воздухот. Сувиот летен воздух ги извлекува молекулите на водата од косата. Носењето на шешир и избегнувањето на попладневното сонце би можеле да ги ублажат овие ефекти.
2. Бушава или мрсна коса
Влажноста може да влијае на вашата коса на два начина: Може да ја направи да стане бушава или да биде сплескана и мрсна. Кога воздухот е влажен, влакната апсорбираат вода од околината што предизвикува отекување. Молекулите на водата формираат водородни врски со протеини во вашата коса [предизвикувајќи формирање на] кадрици. Од друга страна, ако имате убава, рамна коса, водата што ја апсорбира од околината прави вашата коса да тежи повеќе и со тоа станува сплескана и мрсна.
3. Првут
Заблагодарете му се на топлото и влажно лето што го претвори вашиот скалп во главно место за одгледување на квасец или габи што предизвикуваат првут. Нашиот скалп произведува повеќе пот и маснотии што предизвикува квасецот да се размножува.
4. Зелена коса
Дали некогаш сте се натопиле во базенот и сте излегле со сува коса, или уште полошо, зелена коса? Тоа е затоа што хлорот во вода во базенот може да предизвика оштетување на косата, а во некои случаи и обезбојување. Хлорираниот базен има pH вредност од околу 7,5, што е основно. Тоа [може да ја исуши и иритира] косата и кожата и да ги одземе од косата природните заштитни масла.
Хлорираните базени имаат метали како бакар, кои можат да влезат во косата, предизвикувајќи да се исуши и да има зеленикава нијанса. Еден вид на превенција е да ставите капа за пливање кога влегувате во базенот и да ја измиете косата со шампон и регенератор веднаш што ќе излезете.
5. Изгореници на скалпот и губење на косата
Постојат докази дека премногу изложување на сонце на скалпот може да предизвика не само оштетување од сонцето, туку кај одредени лица некои опаѓање на косата. [Плус], бидејќи скалпот е дел од кожата, премногу оштетување од сонцето може да предизвика ризик за одредени типови на карцином на кожата. Еден од начините за превенција е спреј за сончање за косата.
Што доколку штетата е веќе направена?
Сигурно кај голем број од вас штетата е веќе направена и иако сте прателе голем дел од советите за превенција на крајот косата ви останала уништена. Фризерот не е, а и не мора секогаш да биде единственото решение. Постојат начини на кои ќе можете да си го вратите стариот сјај на косата со помош на дерматолозите.
Косата во лето бара соодветна заштита и нега. Во склоп на Ординација д-р Анчевски се наоѓа специјализиран центар за коса во кој што се вршат најразлични третмани специјализирани за различни проблеми со коса. Со третманите се постигнува длабинско прочистување на скалпот, подобрување на циркулацијата и оксигенацијата на косата, отстранување на сув или масeн првут, обезмастување на масната коса преку регулирање на функцијата на лојните жлезди или длабинска хидратација и ревитализација на сувата коса, целосна регенерација на сувите испукани врвови со помош на трајни кератински третмани како и стабилизирање на опаѓањето на косата и стимулирање на раст на нови влакна.
Затоа не чекајте летото полека поминува, но оштетената коса останува, закажете си термин за консултации во дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски и вашата коса ќе ги заборави сите трауми од летото.