Сите ја бараме „фонтаната на младоста“. Годините си го прават своето и иако духот ни е сѐ уште млад лицето често знае да не го следи неговиот пат и се појавуваат знаци на замор, брчки, лузни, едноставно може да се прочита секоја етапа од животот.

Но, зошто да не се почне од почеток? Особено сега во „модерното време“ постојат толку многу начини да се навратиме малку во младоста. „Магионичарите“ на денешницата се дерматолозите, кои благодарение на своето искуство, образование и професионалност, можат да ги исполнат скоро сите наши желби.

За мазна кожа на лицето, без брчки, еднаков тен, лузни од акни и слично едноставно и брзо решение е ласерски третман. Можеби некои од нас на ласерските третмани сѐ уште гледаат со несигурност, но со соодветните, модернизирани апарати и професионалниот тим на дерматолози работите не можат да тргнат на лошо.

iPixel Erbium laser“ е високо ефикасен фракционо-аблативен ласерски третман за измазнување на површината на кожата. Ласерот врши компјутерски контролирано отстранување на површните слоеви на кожата, со што се добиваат извонредни резултати и минимален ризик. Третманот значително го подобрува целокупниот тен на кожата, еластичноста и текстурата, ја зголемува хидрираноста на кожата, ги намалува површните пигментации и големината на порите.

Неодамна,„iPixel Erbium laser“ стана многу популарен како алтернатива затоа што може да постигне слични резултати како ласерите на CO2 со помалку несакани ефекти. Тоа е безбеден, неинвазивен начин да ја вратите здравата, чиста и блескава кожа на младоста со минимална непријатност.

Техниката насочува кратки, концентрирани пулсирачки зраци на светлина на неправилна кожа, прецизно отстранувајќи го слојот на кожата по слој. Оваа популарна процедура се нарекува и лазабразија, ласерски пилинг или ласерско испарување.

Кој е добар кандидат за ласерско третирање на кожата?

Ако имате фини линии или брчки околу очите или устата или на челото, плитки лузни од акни, или безживотна кожа лицето, тогаш можеби ќе бидете добар кандидат за ласерско третирање на кожата. Исто така добра работа кај „iPixel Erbium laser“ е што функционира и кај луѓето со потемен тен на кожа и времето за опоравување од процедурата е пократко.

Третманот трае околу 45 минути и е практично безболен, така што не е потребна анестезија. Времето за опоравување е само 2-3 дена. За најдобри резултати, се препорачува курс на лекување од 3-5 третмани во интервали од 4 недели.

Она што е најважно да се напомене дека овој третман и сите слични на него е клучно да бидат изведени од страна на професионални дерматолози во соодветна ординација, затоа што секој третман е опасен доколку се изведува од аматаери или локални козметичарки.

Затоа ви ги препорачуваме „Д-р Анчевски“! Во нивната ординација веќе се користи „iPixel Erbium laser“ и благодарение на долгогодишното искуство тие ќе знаат што навистина му е потребно на вашето лице за повторно да заблеска со младешки сјај. Чекањето значи уште една брчка повеќе, закажете си консултации навреме во дерматолошко естетската ординација „Д-р Анчевски“.