Омега 3 е најголемиот „заштитник“ на вашето срце и причината за совршена крвна слика
Според последните податоци од Светската здравствена организација акутниот миокарден инфаркт и мозочните удари се главните и водечките причини за смрт во целиот свет. Со децении наназад голем број на истражувачи епидемиолошки верифицирале дека во земји и средини каде е голем внесот на т.н. медитеранска исхрана (исхрана богата со риби и маслиново масло) смртноста од овие болести е помала, за да конечно Soumia Peter во 2013 во својот труд го апсолутно и сигурно поврзе со внесот на омега-3 во исхраната, а воедно и даде врвен наслов на неговото истражување „Една риба дневно, го држи кардиологот подалеку!“. Улогата на оптималното внесување на омега-3 масните кислеини во тој контекст ги носат следните бенефити:
Триглицериди: Омега-3 масните киселини значајно ги намалауваат триглицеридите во ранг од 15-30%
Кога станува збор за додатоци кои можат да помогнат во намалувањето на нивото на триглицериди најголеми докази има за омега 3 масните киселини кои ги има во маслото од црн дроб на бакалар. Омега-3 масните киселини ја намалуваат стапката со која црниот дроб произведува триглицериди.
Крвен притисок: Омега-3 масните киселини го намалуваат систолниот и дијастолниот притисок кај пациенти со хипертензија
Омега 3 мастите во маслото од црн дроб на бакалар го намалува крвниот притисок исто толку ефикасно како и промените во начинот на живот, како што се вежбањето, внесување на помали количини на сол, или ограничување на алкохолот, според неодамнешната мета-анализа објавена во American Journal of Hypertension.
Омега-3 масните киселини го покачуваат „добриот“ ХДЛ холестерол во серумот, а го намалуваат нивото на холестерол.
Постојат студии кои докажуваат дека омега 3 масните киселини кои не наоѓаат во маслото од црн дроб на бакалар го зголемуваат липопротеинот со висока густина, односно „добриот холестерол“.
Омега-3 масните киселини го превенираат ексцесивното згрутчување на крвта
Благодарение на ова се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести како што е коронарната срцева болест и мозочниот удар.
Ја одржуваат способноста на артериите да се дилатираат и релаксираат што е главен фактор во одржување на нормалниот крвен притисок и кардиоваскуларно здравје.
Омега 3 масните киселини ја одржуваат обвивката на артериите мазна и без оштетување што може да доведе до тесни и тврди артерии.
Омега-3 масните киселини го инхибираат задебелувањето на артериите
Ова се постигнува преку намалување на ендотелијалната клеточна продукција на една супстанца која е наречена тромбоцитно-произведен фактор на раст. Со ова се регулира крвниот притисок и одржување на интактен кардиоваскуларен систем
Омега 3 помага при ревматичен артритис
Студиите сугерираат дека маслото од црн дроб на бакалар може да да помогне во намалувањето на болката, да се подобри утринската вкочанетост и да се олесни нежноста на зглобовите кај лица со ревматоиден артритис. Додека олеснувањето е често скромно, можеби е доволно да се намали потребата за антиинфламаторни лекови.
Сите горенаведени продобивки од омега 3 масните киселини се доволна мотивација да си го обезбедите совршениот додаток во исхраната кој изобилува со омега 3. MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар е вистинскиот начин да го заштитите вашето здравје оваа зима и во сите останати годишни времиња.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.