Хеликобактер пилори инфекцијата се јавува кога еден вид на бактерии наречени Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori) го инфицираат вашиот стомак. Ова обично се случува за време на детството. Како честа причина за чир во желудникот оваа бактерија е присутна кај повеќе од половина од луѓето во светот. Повеќето луѓе не сфаќаат дека имаат Хеликобактер пилори бидејќи не се разболеле од неа. Но, доколку развиете симптоми на гастритис ил чир на желудникот вашиот лекар најверојатно ќе ве тестира за инфекција од Хеликобактер пилори, сепак оваа инфекција може да се третира со одредени лекови.

Симптоми

Повеќето луѓе со оваа инфекција никогаш нема да почувствуваат симптоми, но кога се појавуваат знаци и симптоми на оваа инфекција, вклучуваат:

  • Болка или печење во горниот дел од стомакот
  • Абдоминална болка која е полоша кога стомакот е празен
  • Гадење
  • Губење на апетит
  • Често ждригање
  • Надуеност
  • Ненамерно губење на тежината

Причини

Точниот начин на кој некој се инфицира со Хеликобактер пилори е сѐ уште непознат. Хеликобактер пилори бакериите можат да се пренесат од едно лице на друго преку директен контакт со плунка, повраќаница или фекална маса. Исто така може да се пренесе преку загадена храна или вода.

Закажете преглед кај вашиот лекар доколку имате некој од наведените симптоми или пак се сомневате дека би можеле да ја имате оваа бактерија. Тој ќе ви обезбеди соодветна терапија која ќе ви помогне да ги надминете потешкотиите.

На нашиот пазар еден од најефикасните лекови за справување со Хеликобактер пилори е HELICOBalans, кој ни доаѓа од PharmaS. HELICOBalans е уникатен 2 во 1 конецепт и помага при ерадикацијата на Хеликобактер пилори и обновување на цревната микрофлора, овој начин „добрите бактерии“ ги победуваат „лошите“.