Како вашата кожа се менува за време на 30-тите, 40-тите и 50-тите и што можете да направите во врска со тоа
Како што старееме наѓата кожа поминува низ повеќе фази во зависност од нашите хормони и според тоа каков начин на живот водиме. За да ви помогнеме подобро да ја разберете вашата кожа ќе разгледаме што се случува со кожата во текот на нашите триесетти, четириесетти и педесеттите години од животот и ви ги даваме најдобрите совети за убавина за секоја фаза.
Во 30-тите години од животот
Што се случува со вашата кожа?
Денес голем број на жени раѓаат во нивните 30-ти години и некои од нив имаат „труднички флеки“. Ова е прекумерен раст на крвните садови лежи длабоко во вашата кожа предизвикана од премногу естроген. Без разлика дали сте бремени или не, на оваа возраст може да забележите дека вашата кожа е посува и без сјај. Тоа е затоа што стапката на произведување на нови клетки на вашата кожа почнува да се намалува.
Колагенот и еластинот се намалуваат и тогаш почнуваат да се појавуваат брчки. Во вашите 30-ти, исто така може да почнете да губите дел од вашиот тен на кожата, бидејќи еластичната поддршка од вашите лимфни жлезди – одговорна за исфрлање на токсини почнува да слабее.
Совети за убавина
Навлажнувачот што го користевте во текот на вашите 20-ти не може да биде доволно богат за вашата кожа во 30-тите. Време е да си одберете нова соодветна крема, која ќе го негува вашето лице. Ексфолирањето е исто толку важно и не заборавајте да инвестирате во добра маска за лице.
Производ кој го препорачуваме:
Иако не можеме да го избегнеме стареењето, сепак можеме да старееме со стил. „ДМ дрогериите“ нудат широка палета на производи за убавина кои се однесуваат за дамите кои имаат над 35+ години. Станува збор за „Balea Q10 линија за нега на кожата по 35-тата година“.
Ние ви го препорачуваме Balea Q10 дневен (З.Ф.30) и ноќен крем за лице, со Омега комплекс, Провитамин Б5, како и УВ заштитен фактор 15.
Во 40-тите години од животот
На оваа возраст, вашиот лимфен систем почнува да слабее. Лимфатична дренажа – начинот на кој вашето тело се ослободува од токсините – се намалува како и еластичните влакна кои ги поддржуваат вашите лимфни жлезди. Ова може да резултира со подуеност околу очите и образите.
Помалку производство на себум на оваа возраст значи дека „восочното“, заштитно надворешно обложување на вашата кожа ве прави поподложни на еколошките услови, како што се загадувањето и зачадени средини.Во четириесеттите години исто така е период кога хормоните како естрогенот се „исклучуваат“.
Совети за убавина
Во овој период треба да бидете сигурни дека вашата кожа е целосно хидрирана. Исто така масажите на лицето додека ставате крема се одличен начин за опуштање на мускулите и да помогнете производот целосно да навлезе во кожата. Квалитетните производи против брчки можат да станат вашиот најдобар пријател.
Производи кои ги препорачуваме:
Balea Q10 концентрат за лице против брчки, 7/1, со Витамин Е, кој ја подобрува еластичноста.
Balea Q10 налепници против брчки за околу очи, 6х2
Balea Q10 Energy крем за лице против брчки, 50 мл
Во 50-тите години од животот
Најверојатно ќе се појават промени на пигментацијата на вашата кожа. Можеби ќе забележите старечки флеки- области каде што клетките решаваат да произведат пигмент во отсуство на сонце. Може да забележите и зголемување на порите. Клучниот знак на стареење започнува да се појавува околу вашите очи. Ова покажува дека еластичноста на вашата кожа почнува да се распаѓа.
Совети за убавина
Доколку не сакате да трошите голема сума на пари за козметичка хирургија користете производи кои содржат витамин А и производи со Омега комплекс. Редовната апликација може да помогне во забрзувањето на производството на нови клетки на кожата и производството на колаген.
Производи кои ги препорачуваме:
Повторно Balea Q10 налепници против брчки за околу очи, 6х2
Balea Q10 серум за лице против брчки, 30 мл