Италијански уметник продаде скулптура за 18 000 долари. Што е финтата? Уметничкото дело постои само во имагинацијата на купувачот
Сите сме ги виделе празните платна прикажани во уметничките галерии кои чинат стотици долари, но скулпторот Салваторе Гарау ги однесе работите чекор понапред со создавање скулптура која не постои во физичка форма, туку е направена од „воздух и дух“.
Скулптурата Io Sono – „Јас сум“ – неодамна беше продадена за 18.000 долари (15.000 евра) на приватен купувач, заедно со потврда за автентичност за да им докаже на (не) гледачите дека просторот пред нив е всушност вистинско уметничко дело.
Гарау (67) е по потекло од островот Сардинија и е добро познат во Италија, откако ја изложи својата уметност во повеќе музеи во Европа и на престижното биенале во Венеција.
И покрај тоа што не постои во физичка форма, Гарау инсистира дека неговата скулптура е вистинска како и секој предмет што можеме да го видиме и да го допреме и е создадена како „вакуум“.
Тој рече:
„Вакумот не е ништо повеќе од простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме и не остане ништо, според принципот на неизвесност на Хајзенберг, тоа„ништо“ има тежина“.
„Затоа, таа има енергија што е кондензирана и се трансформира во честички, односно во нас“.
Гарау вели дека неговата скулптура има за цел да рефлектира како луѓето им даваат значење на нештата што не можат да ги видат, на ист начин како што тие „го обликуваат Бог кој никогаш не го виделе“.