Видео од безбедносни камери го сними застрашувачкиот инцидент во Западна Пенсакола, Флорида, САД, на почетокот на оваа недела, каде што вооружен маж се обидува да грабне девојче и да го одвлече до неговиот автомобил.

Инцидентот се случил околу 7 часот наутро додека девојчето чекало автобус за на училиште. За среќа, таа точно знаела што да прави во ваков момент и почнала да се бори со мажот удирајќи го со клоци и тупаници  додека тој на крајот не се откажал и избегал со својот автомобил.

Началникот на полицијата за новинарите изјави дека човекот од видеото е уапсен, потврдувајќи дека осомничениот возел бел пикап „Доџ“ и бил вооружен со нож.

Девојчето се сретнало со киднаперот и порано, тој „и зборувал на шпанси и ја натерал да се чуствува непријатно“. По инцидентот 11-годишната хероина ќе биде придружувана на автобуската станица од нејзината мајка.