Доколку сте од луѓето кои не сакаат да им наштетат на овие мали невини животни, но сепак не ги сакате ниту во вашиот дом, тогаш ова домашно средство е идеалното за вас.

Истото ќе ви помогне трајно да ги држите глувците подалеку од вашиот дом, но истовремено нема да им наштети.

Домашно средство против глувци

Едноставно потребно е да купите две тинктури од мента, од аптека. Една тинктура треба да биде на маслена основа, а другата на спиртна.

Во еднаков сооднос, двете тинктури се мешаат во стаклено шише, а потоа најпрактично ќе биде со шприц да ја извадите добиената смеса. На овој начин и најлесно ќе успеете средството да го нанесете на најнедостапните места, меѓу пукнатините на даските и на секое место до домот, каде што сметате дека е потребно.

Огромен плус на домашното средство е неговиот пријатен мирис, од кој глувците ќе се исплашат, а вашиот дом ќе мириса убаво.