Иако можеби не посветуваме премногу внимание на машината за перење, факт е дека во денешно модерно време, не би можеле да функционираме без истата во секојдневието.

Со цел правилно да ја одржуваме и да го продолжиме нејзиниот животен век, денес ви откриваме лесен трик како брзо и ефикасно да ја исчистите машината за алишта од сите нечистоии и наталожени наслаги.

Домашен трик за ефикасно чистење на машината за перење

Ќе ви биде потребно

  • Половина шолја оцет 70%
  • ¼ шолја сода бикарбона
  • 60 мл вода
  • Сунѓер за миење садови

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги содата и водата, а потоа додадете 2 супени лажици оцет. Исипете ја добиената смеса во делот за прашокот. Останатиот дел од оцетот додадете го внатре во машината за перење.

Вклучете го уредот на највисока температура, а по перењето темелно избришете ја машината со сунѓер и исплакнете со вода.