Научниците кои ја следат нуклеарната централа во Чернобил велат дека реакциите на нуклеарна фисија повторно се појавуваат во остатоците од салата на реакторот, околу 35 години по експлозијата на јадрото.

Сензорите што ги следат масите на ураниум закопани во подрумските простории на реакторот откриле зголемување на нивото на неутрони, што сигнализира дека процесот на фисија, што се користи за создавање на нуклеарна енергија, се случува во една од недостапните простории во централата.

Додека нивоата полека се зголемуваат, научниците работат на откривање на причината за оваа активност и какви постапки треба да се преземат за да се спречи ризикот од понатамошно истекување на радијација од централата.

Максим Савелиев, истражувач од Институтот за безбедносни проблеми на нуклеарните централи во Киев, Украина, рече дека има „многу неизвесности“ околу состојбата со остатоците од реакторот, додавајќи дека „не можеме да ја исклучиме можноста за несреќен случај“.

И покрај тоа што не постои ризик од појава на нуклеарна катастрофа каква што беше што таа во 1986 година, научниците велат дека експоненцијалното зголемување на  фисијата може да предизвика „неконтролирано ослободување на нуклеарна енергија“.