Аронија: 10 здравствени придобивки од најлековитите бобинки во природата
Аронија е зрнесто овошје кое потекнува од Северна Америка, а денес може да се најде и на нашите простори. Бобинките можат да се јадат свежи или пак во вид на сок или чај, производи кои на нашиот пазар ги нуди Виталиа. Научно докажано е дека аронијата има многу здравствени придобивки, вклучувајќи и антиканцерогени својства. Во оваа статија, ќе погледнеме некои од можните здравствени придобивки на аронијата, заедно со доказите за нив.
1. Извор на антиоксиданти
Бобинки од аронија имаат највисока концентрација на антиоксиданти присутни во секое овошје. Зошто е ова толку важно? Антиоксидансите ги штитат клетките на телото од штетните ефекти на оксидацијата.
2. Здрав уринарен тракт
Втората голема корист од конзумирање на аронија е одржување на добра здравствена состојба на уринарниот тракт. Инфекциите на уринарниот тракт се појавуваат кај милиони луѓе ширум светот. Главниот причински агенс е Escherichia coli. Симптомите вклучуваат чести чувства и / или потреба да уринираат, болка при мокрење и матна урина. Истражувањата покажаа дека аронијата е најкорисна кај спречување на овие инфекции. Ова е благодарение на големата доза на кинична киселина. Исто така аронијата е ефикасна во намалување на растот на микроорганизмите и на неколку бактерии вклучувајќи ја ѝ Ешерихија коли.
3. Ја подобрува циркулацијата на крвта и ги зајакнува крвните садови
Зрелата аронија содржи голема количина на феноли, кои ги дезинфицираат крвотокот и телото, го забрзуваат заздравувањето на раните, помагаат при отстранување на токсични материи од телото, го намалуваат воспалението, ја подобруваат еластичноста на крвните садови и спречуваат нивно затнување.
4. Балансирање на крвниот притисок
Аронија спречува спазми во крвните садови, со што крвниот притисок е далеку од „опасната зона“. Сокот или чајот од аронија се препорачува за секој кој има проблеми со циркулаторниот систем и крвниот притисок.
5. Спречување и помош при третман на дијабетес
Имало голем број на истражувања кои анализираат како аронијата влијае врз луѓето со дијабетес. Едно од нив заклучи дека конзумирањето на „супер бобинките“ нема да го зголеми нивото на шеќер во крвта и може дури и да го намали. Аронијата може да биде многу корисна за луѓето кои сакаат да го спречат дијабетесот и исто така може да им помогне на луѓето кои имаа некој од видовите на дијабетес.
Друга студија (Simeonov et al, 2002) спроведена на Медицинскиот универзитет во Пловдив, Бугарија, откри дека сокот од аронија без додаток на шеќер (вештачки засладен) бил „вреден додаток“ за лекување на пациенти со дијабетес.
6. Гастро-заштитен ефект
Исто така е докажано дека аронијата помага при лекување на проблеми со стомакот вклучувајќи и гастрични улкуси, дијареа. Таа теорија е анализирана од студијата на животни во 2004 година, која покажа дека антиоксидантните ефекти на аронијаимале гастро-заштитен ефект при третирање на акутна гастрична хеморагична лезија кај стаорци. Оваа студија им покажа на научниците дека тоа може да биде природен ефективен третман за стомачни проблеми кај луѓето.
7. Анти-канцерогени ефекти
Студијата од 2004 година ги разгледа ефектите од грозјето, аронијата и екстрактите од боровинки во спречувањето на растот на ракот на дебелото црево. Студијата покажала дека додека сите екстракти го инхибираат растот на клетките на ракот, но аронијата имала најсилен ефект. Студија од 2009 година откри дека екстракт од аронија помага да се намали оштетувањето на клетките кај пациенти со рак на дојката.
8. Анти-инфламаторни својства, сузбивање на висруси
Ако вашата исхрана редовно вклучува аронија или производи од аронија можете да бидете сигурни дека настинките и грипот нема да ве мачат во скоро време! Аронијата се бори против бактериите и вирусите и го зајакнува имунолошкиот систем. Уште едно истражување од Бугарија покажа дека сокот од аронија поради неговите антоцијански флавоноиди, има антиинфламаторна вредност, кога воспалението било индуцирано од хистамин и серотонин.
9. Заштита на очите
Аронијата содржи голема количина на каротин, кој ги штити клетките од оштетување и очите од создавањето на катаракта. Тие исто така се богати со флавоноидни антиоксиданти, како што се лутеините и зеаксантините. Зеаксантинот има ефекти на фотофилтрирање на УВ зраците и на тој начин ги штити очите.
10. Контрола на тежината
Последно, но не и најмалку важно, бобинки од аронија помагаат во регулирање на тежината. Покрај тоа, аронијата може да помогне да се спречи телото да складира маснотии околу стомакот, проблем со кој многу луѓе постојано се соочуваат. Дополнителна придобивка од конзумирање аронија е тоа што исто така може да го подобри нивото на холестерол и липиди, помагајќи му на телото да произведе добар холестерол.
Можеме да заклучиме дека аронијата нуди голем број на здравствени придобивки кои можат да ни помогнат да се избориме за подобро здравје и подолг живот. Затоа препуштете го вашето здравје на експертите од Виталиа и пробајте го нивниот чај и два вида на сокови од „супер-бобинката“, аронија.