8 придобивки од Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар, докажани од науката
Маслото од црн дроб на бакалар е еден од најдобрите извори на омега 3 масни киселини и содржи релативно високи количини на витамин А и витамин Д. Маслото од црн дроб на бакалар се добива од Атлантскиот бакалар, кој се наоѓа во чистите води на норвешкото море. Маслото од црн дроб на бакалар нуди сосема здрав начин на живот и науката го потврдува тоа. Денес ви претставуваме 8 од многуте придобивки на маслото од црн дроб на бакалар за вашето здравје.
Омега 3 го намалува воспалението
Омега-3 масните киселини во маслото од црниот дроб на бакалар може да помогнат во потиснување на протеините кои промовираат хронично воспаление. Масло од црн дроб на бакалар е исто така одличен извор на витамини А и Д, кои имаат антиоксидантни својства.
Маслото од црн дроб на бакалар го подобрува здравјето на коските
Маслото од црн дроб на бакалар е богато со витамин Д, кој помага при одржување на силни и здрави коски. Ова особено е важно за зимските периоди.
Може да ја намали болката во зглобовите и да ги подобри симптомите на ревматоиден артритис
Во моментов нема лек за ревматоиден артритис, но студиите сугерираат дека маслото на црниот дроб на бакалар може да ја намали болката во зглобовите и да ги подобри симптомите на ревматоиден артритис како вкочанетост на зглобовите и оток.
Омега 3 и витаминот А го подобруваат видот
Маслото од црн дроб на бакалар е одличен извор на омега-3 и витамин А, кои заштитуваат од губење на видот од воспалителни заболувања на очите како глауком и макуларна дегенерација поврзана со возраста.
Го намалува ризикот за срцеви заболувања
Омега 3 масни киселини се подобруваат целокупното здравје на срцето, а бидејќи маслото од црн дроб на бакалар е одличен извор за него, на тој начин е и најдобриот „заштитник“ на срцето.
Помага при депресија и аксиозност
Омега 3 масните киселини и витаминот Д во маслото од црн дроб на бакалар помагаат во намалувањето на симптомите на анксиозност и депресија, што е докажано во голема студија која вклучувала 21.835 лица.
Ги намалува болките во стомакот и помага при појава на чир на желудник
Студиите направени врз животни укажуваат на тоа дека маслото од црн дроб на бакалар може да помогне во лекување на чиреви, особено во желудникот и цревата и се верува дека истото дејство го има и кај луѓето.
Помага при коронарна артериска болест
Редовното венесување на масло од црн дроб на бакалар може да помогне во заштитата од артериосклероза. Тоа исто така обезбедува заштита од згрутчување на крвта.
Маслото од црн дроб на бакалар е неверојатно хранлив вид на додаток во исхраната. Тоа е многу погодно и содржи одлична комбинација на омега-3 масни киселини, витамин А и витамин Д. Најголем проблем во консумирањето на маслото од црн дроб на бакалар е тоа што луѓето не можат да го поднесат неговиот вкус, но со MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар нема да го имате тој проблем. MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар има пријатен вкус на лимон и јаболко, кој ќе го обожаваат и најмладите.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.