Пролетта е време да се засади и сее. Ако обично одгледувате растенија и цвеќиња за вашата градина интуитивно или по боја, форма и големина, можеби оваа година може да се обидете малку да го промените пристапот.

Овој пат, одберете ги вашите растенија врз основа на тоа дали можат да ги одвратат штетниците, при што на овој начин ќе решите еден многу значеаен градинарски проблем.

Токму за оваа цел, за вас денес подготвивме краток водич за видовите растенија што ги одвраќаат штетниците. Во продолжение погледнете кои се тие:

1. Нане

Нането бара добро исцедена, но влажна земја, толерира сенка и му треба минимална грижа. Тоа е растение што го сакаме благодарение на неговиот силен мирис, но, некои животни и штетници едноставно не можат да го издржат истиот, а оваа карактеристика може да ја искористиме во наша полза.

Може да ги одврати мравките, комарците, полжавите и глувците.

2. Петунија

Петуниите можат да растат во делумна сенка и треба да бидат заштитени од ветерот. Меѓу себе, овие растенија треба да имаат растојание од 1 метар. Истите важат за најпопуларните цвеќиња во градина – убави и светли, а имаат и убава карактеристика за бонус: можат да ги одвратат непријатни штетници од градината.

Може да ги одврати лисните вошки, штетниците од доматите и бубачките од аспарагусот.

3. Хризантема

Кога правите план за вашата градина, запомнете дека на хризантемите им треба простор: тие претежно растат до висина и ширина од 30 до 90 цм. Овие цвеќиња сакаат да бидат на Сонце и умерено влажна почва.

Може да ги одврати мравките, крлежите, вошките, пајаците и грините.

4. Лаванда

Лавандата е уште едно големо растение на кое му треба простор, затоа проверете дали садите семиња оддалечени 50 до 90 цм. Лавандата не сака влажна почва. Постојат голем број на начини да се користи лаванда во домашни услови, а исто така, таа може да ги одврати штетниците.

Може да одврати од муви, молци и болви.

5. Календула

Календулите сигурно ќе додадат светлина и впечатливост во вашата градина. Тие сакаат Сонце и хранлива, умерена почва.

Може да ги одвратат штетниците од доматите.

6. Босилек

Босилекот е едно од најпопуларните растенија во кујната и додава чудесен мирис и вкус на нашите омилени јадења. Можете да одгледувате босилек во саксии или директно да го засадите во градината.

Може да ги одврати комарците, јајцата од комарци, но и да ги заштити билките од вашите миленичиња.

7. Гераниум

Овие цвеќиња спаѓаат во градинарската класика. Засадете ги на места во градината каде што истите ќе добијат 4-6 часа сончева светлина на дневно ниво.

Може да ги одврати јапонските бубачки, комарците и слични штетници.