Можеби се главниот непријател на сопствениците на градини, но глуварчињата си имаат и свои позитивни карактеристики. Всушност овој „плевел“ се користи во народната медицина подолго време. Кога луѓето зборуваат за чај од глуварче, во голема мера зборуваат за еден од два различни пијалоци: инфузија изработена од лисјата на растението, или направен од корени од глуварче. И двете се сметаат за безбедни (се додека не го испрскате дворот со хербициди или пестициди) и се користат за различни цели.

1. Ја намалува подуеноста

Ако се чувствувате надуени, чајот од глуварче може да обезбеди олеснување, бидејќи делува како диуретик и го зголемува излезот на урината. Една студија покажала зголемен излез на урина по две консумирања на по една чаша од чај од глуварче.

2. Може да го подобри здравјето на црниот дроб

Коренот од глуварче долго се одржува како „тоник на црниот дроб“ во народната медицина. Прелиминарните студии укажуваат дека ова се должи, делумно, на неговата способност да го зголеми протокот на жолчката. Натуропатите веруваат дека тоа значи дека чај од корен од глуварче може да помогне во детоксикација на црниот дроб, да помогне во проблеми со кожата и окото и да ги ублажи симптомите на заболување на црниот дроб. Студијата од 2017 година укажува на тоа дека полисахаридите во глуварчето можат да бидат корисни за функцијата на црниот дроб.

3. Може да дејствува како природна замена за кафе

За среќа ваквиот медицински чај од корен на глуварче можете да го најдете на повеќе продажни места каде што се нудат чаеви од програмата GOOD NATURE на Алкалоид, Скопје и на овој начин да го консумирате на дневна база, како многу покорисна верзија од вашето кафе. Повеќе информации за чајот прочитајте тука.

4. Сличности помеѓу глуварче и лекови за намалување на тежината?

Една неодамнешна корејска студија сугерира дека глуварчето може да има слични ефекти врз телото, како што и лекот за намалување на телесната тежина Орлистат, која функционира со инхибиција на панкреасната липаза, ензим ослободен за време на варењето за да се разруши маснотијата. Тестирањето на влијанието на екстрактот од глуварче кај глувците открил слични резултати, поради што истражувачите препорачуваат понатамошно истражување за можните ефекти на глуварчето за „победа на килограмите“.

5. Чај од глуварче може да ги смири дигестивните заболувања

Чај од корен од глуварче може да има многу позитивни ефекти врз вашиот дигестивен систем. Историски се користи за подобрување на апетитот, ги смирува помалите дигестивни заболувања и го олеснува запекот.

6. Може да се користи во иднина во борбата против ракот

Неодамна, коренот на глуварчето е проучуван за потенцијалот за борба против ракот, и досега резултатите изгледаат ветувачки. Канадската студија од 2011 година покажа дека екстракт од корен од глуварче предизвикува клеточна смрт кај клетките на меланом без да влијае на не-канцерогените клетки, додека друга покажа дека истиот го прави истото и кај клетките на ракот на панкреасот. Додека анти-канцер ефектите на чајот од глуварче не биле тестирани, потенцијалот е позитивен.

7. Може да помогне во спречувањето на инфекции на уринарниот тракт

Чајот од корен од глуварче помага во одржување на нормална функција уринарниот тракт, поради тоа што коренот овозможува зголемено мокрење и одржување на нормален уринарен проток, а доколку се комбинира со друга билка наречена ува урси може да помогне и при инфекции.

Можни несакани ефекти

Глуварчето се смета за безбедно за најголемиот дел од луѓето. Сепак, некои луѓе може да имаат алергиска реакција од допирање или голтање на глуварче. Исто така треба да внимавате доколку само подготвувате домашен чај од глуварче, затоа што може да се претходно напрскано со пестициди и хербициди, а подготовката трае подолго.

Затоа најбезбедната и најбрзата верзија е да го земете „Чај од глуварче“ на GOOD NATURE, Алкалоид, Скопје, кој се подготвува на лесен начин. Ако земате лекови на рецепт, консултирајте се со вашиот лекар пред да пиете чај од глуварче. Исто така не се препорачува за деца под 12-годишна возраст, бремени жени и при лактација.

Како да го подготвите

Сѐ што треба да направите е да прелиете една филтер кесичка со 150 милилитри зовриена вода, да оставите да отстои 10 минути во покриен сад и чајот е подготвен за консумирање.

Алкалоид и GOOD NATURE се грижат за вашето здравје и во нивната палета на чаеви можете да најдете голем број на „природни лекови“ кои ќе ви помогнат да ги надминете вашите проблеми на начинот на кој тоа го правеле нашите баби и дедовци и запомнете: „Здравјето пред сѐ“.