„Cannabidiol“ е популарен природен лек кој се користи за многу чести заболувања. Подобро познат како CBD, тоа е едно од 104-те хемиски соединенија познати како канабиноиди пронајдени во растението канабис или марихуана, „Cannabis sativa“.

Тетрахидроканабинолот (THC) е главниот психоактивен канабиноид кој се наоѓа во канабисот и предизвикува чувство на „хај“ што е често поврзано со марихуана. Сепак, за разлика од THC, CBD не е психоактивен. Оваа карактеристика го прави CBD привлечна опција за оние кои бараат ослободување од болка и други симптоми без да имаат влијание на мозочната активност како од марихуаната или одредени фармацевтски лекови.

CBD маслото се прави со извлекување CBD од растението канабис, а потоа се разредува со маслиново масло, кокосово масло или масло од коноп. Овој вид на природен лек стана многу популарен во најмодерната медицина и научни студии потврдуваат дека може да помогне во лекувањето на разни болести како хронична болка и анксиозност.

Во Македонија „Реплек Фарм“ ги произведува КАНОИЛ®маслата од коноп производи, кои се целосно легализирани и одобрени, произведени се според стандардна технолошка постапка и во контролирани услови на производство, со одобрен и стандарден квалитет.

Ова се седум здравствени придобивки од производите од масло од коноп, кои се поддржани од научни докази:

1. Може да ја намали болката

Марихуаната се користи за лекување на болка уште од 2900 п.н.е. Во поново време, научниците открија дека одредени компоненти на марихуаната, вклучувајќи го и CBD се одговорни за нејзините ефекти. Човечкото тело содржи специјализиран систем наречен ендоканабиноиден систем (ECS), кој е вклучен во регулирање на различни функции, вклучувајќи го спиењето, апетитот, болката и одговорот на имунолошкиот систем.

Телото произведува ендоканабиноиди, кои се невротрансмитери кои се врзуваат за канабиноидните рецептори во вашиот нервен систем. Истражувањата покажаа дека CBD може да помогне во намалувањето на хроничната болка преку влијание на активноста на ендоканабиноидните рецептори, со што се намалува воспалението и интеракцијата со невротрансмитерите.

На пример, една студија кај стаорци покажа дека инјекциите со CBD го намалуваат одговорот на болката на хируршки засек, додека друга студија на стаорци покажа дека оралниот третман со CBD значително ја намалува болката од нервите и воспалението.

Комбинацијата од THC и CBD е одобрена во неколку земји, вкулучувајќи ја и Македонија за лекување на болка поврзана со мултиплекс склероза. Реплек Фарм нудат широк избор на природни лекови врз база на THC и CBD за различни здравствени проблеми.

ЗАКЛУЧОК

CBD, особено во комбинација со THC, може да биде ефикасен во намалување на болката поврзана со болести како што се мултиплекс склероза и ревматоиден артритис.

 

2. Може да ја намали анксиозноста и депресијата

Според Светската здравствена организација, депресијата е најголемиот придонесувач за попреченост во светот, додека анксиозните нарушувања се рангираат на шесто место. Маслото со CBD се покажа како ветувачки третман за депресија и анксиозност, што доведе многу луѓе кои живеат со овие нарушувања да се заинтересираат за овој природен пристап.

Во една студија, 24 лица со социјално анксиозно растројство добиле 600 mg CBD или плацебо пред тест за јавно говорење. Групата која примила CBD, имала значително помалку анксиозност, когнитивно оштетување и непријатност во нивниот говор, во споредба со плацебо групата.

CBD маслото се користи за безбедно лекување на несоница и анксиозност кај деца со посттрауматско нарушување. CBD исто така покажал антидепресивни ефекти во неколку студии на животни.

Овие квалитети се поврзани со способноста на CBD да делуваат на рецепторите на мозокот за серотонин, невротрансмитер кој го регулира расположението и социјалното однесување.

ЗАКЛУЧОК

Истражуважата покажаа дека CBD ја намалува анксиозноста и депресијата кај луѓето и кај животните.

 

3. Може да ги ублажи симптомите поврзани со рак

CBD може да помогне во намалување на симптомите поврзани со рак и несакани ефекти поврзани со третманот на рак, како гадење, повраќање и болка.

Една студија ги истражила ефектите на CBD и THC кај 177 лица со болка поврзана со рак, кои не доживеале олеснување од лекови за болка. Оние кои биле третирани со екстракт што ги содржи двете состојки доживеале значително намалување на болката во споредба со оние кои добиле само екстракт од THC.

Некои тест испитувања покажаа дека CBD може да има антиканцерски својства. На пример една студија покажала дека концентриран CBD предизвикал клеточна смрт кај клетките на рак на дојка. Сепак потребни се повеќе студии кај луѓето пред да се направат заклучоци.

ЗАКЛУЧОК

Се покажа дека CBD помага да се намалат симптомите поврзани со ракот и лекувањето со рак, а може дури да имаат својства за борба против ракот, потребни се повеќе истражувања за да се процени неговата ефикасност и безбедност.

 

4. Може да ги намали акните

Врз основа на неодамнешните научни истражувања, CBD маслото може да помогне во лекувањето на акните поради неговите антиинфламаторни својства и способноста да го намали производството на себум.

5. Може да има невропротективни својства

Истражувачите веруваат дека способноста на CBD да делува на ендоканабиноидниот систем и другите системи за сигнализација на мозокот може да обезбеди корист за оние со невролошки нарушувања. Всушност, една од најпознатите проучувани користи од CBD е во лекувањето на невролошки нарушувања како епилепсија и мултиплекс склероза. Иако истражувањата во оваа област сѐ уште се релативно нови, неколку студии покажаа ветувачки резултати.

CBD исто така е истражуван за неговата потенцијална ефективност во лекувањето на неколку други невролошки болести. На пример, неколку студии покажаа дека третманот со CBD го подобрил квалитетот на животот и квалитетот на спиењето кај луѓето со Паркинсонова болест.

Додатни почетни истражувања покажаа дека CBD може да го намали воспалението и да помогне во спречувањето на невродегенерацијата поврзана со Алцхајмерова болест.

ЗАКЛУЧОК

Иако истражувањата се нови и сѐ уште во мал број се покажа дека CBD ефикасно ги третира симптомите поврзани со епилепсија и Паркинсонова болест. CBD, исто така, покажа дека ја намалува прогресијата на Алцхајмеровата болест.

 

6. Може да е од корист за здравјето на срцето

Студиите покажуваат дека CBD може да биде природен и ефикасен третман за висок крвен притисок. Една неодамнешна студија опфатила 10 здрави мажи со една доза од 600 мг CBD масло и покажала дека го намалува крвниот притисок, споредено со плацебо.

Иако се потребни повеќе човечки студии, CBD може да биде од корист за здравјето на срцето на неколку начини, вклучувајќи го и намалувањето на крвниот притисок и спречување на оштетување на срцето.

7. Неколку други потенцијални бенефиции

Иако се потребни повеќе студии, се смета дека CBD ги обезбедува следните здравствени придобивки:

  • Антипсихотични ефекти: Студиите покажуваат дека CBD може да им помогне на луѓето со шизофренија и други ментални нарушувања со намалување на психотичните симптоми.
  • Третман против злоупотреба на супстанции: Се покажало дека CBD ги менува колата во мозокот поврзани со зависноста од дрога. Кај стаорци, CBD се покажа дека ја намалува зависноста од морфин и хероин.
  • Превенција на дијабетес: Кај дијабетични глувци, третманот со CBD ја намалил инциденцата на дијабетес за 56% и значително го намалил воспалението.

Нема сомнение дека маслото од коноп и CBD имаат, и допрва ќе имаат важна улога во модерната медицина. Следејќи ги најновите „трендови“ во научните истражувања „Реплек Фарм“ нуди голема палета на производи (види тука) врз база на CBD или комбинација од THC и CBD во зависност од потребите и дијагнозата.

Затоа консултирајте се со вашиот лекар и ставете го вашето здравје во сигурни раце!