Често брзаме да ги исфрлиме старите и непотребно хулахопки, а всушност тие може да бидат корисни за многу работи во домот. Еве за што сè можете да ги употребите.

1. Торбичка против молци

Од старите хулахопки може да сошиете мала торбичка и во истата да додадете лаванда, која одлично се бори против молците. Притоа торбичката поставете ја на соодветното место.

2. Полирање на мебел

Капронот е одличен за чистење на било кој вид на мебел. Со помош на хулакопките потопени во средство за чистење, за кратко, можете површината на вашиот мебел во домот да ја доведете до совршенство.

3. Филтер за правосмукалка

Овој итар трик ќе ви помогне да ги пронајдете и најситните, а важни работи кои случајно сте ги собрале со правосмукалката. Поставете ги хулахопките на врвот од цевката на правосмукалката, а истите ќе ви послужат како филтер, за подоцона, доколку е потребно, полесно да ја најдете изгубените обетки и слично.

4. Помош во градината

Многу градинари се согласуваат дека цврстината на хулахопките ги прави одлични за заврзување на зеленчуците, при што на овој начин се спречува паѓањето на плодовите и растенијата растат правилно.

5. Мрежа против комарци

Со помош на хулахопките може да го затворите било кое дупче во мрежата наменета за комарци и да ја зајакнете нејзината улога. Така ниту еден комарец или било каков инсект ќе може да влезе во вашиот дом.

6. Освежувач

Торбичката сошиена од хулакопки и наполнета со свежи билки или ароматични цвеќиња може да биде одличен, притоа и природен освежувач за вашиот дом или автомобилот.

7. Заштита за метла

Обвивката од хулахопките ќе ја зголеми долготрајноста и издржливоста на метлата, при што благодарение на истите, ќе биде целосно заштитен главниот дел.