Брз чоколаден десерт во чаша со банани
Понекогаш е вистински предизвик да пронајдете рецепт за десерт, кој се приготвува супер брзо и лесно, а со кои ќе ги воодушевите децата, а токму вакво совршено решение е следниот брз чоколаден десерт во чаша со банани, кој не остава никого рамнодушен.
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: банани, чоколаден десерт
Порции: 4
- 500 мл павлака
- 100 гр шеќер
- 50 гр темно чоколадо
- 2 банани
- 2 супени лажици желатин
- Половина шолја вода
Растворете го желатинот во врела вода при непрекинато мешање и почекајте додека течност да достигне собна температура.
Излупете ги бананите и исечете ги на коцки и распоредете ги во чиниите.
Измешајте ја павлаката со шеќерот, а потоа постепено додадете го желатинот, додека непрекинато матите со миксерот.
Добиениот крем исипете го во чиниите и поставете го во ладилникот додека да се зацврсти. На крај декорирајте одозгора со рендано чоколадо.