Ако обожавате компири, особено ќофтиња приготвени од компир, тогаш следните рецепт вреди да го пробате. Станува збор за компирови топчиња со фил од топено сирење и сланина, на кои дефинитивно никој не може да одолее!
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: ќофтиња од компир, сланина, топено сирење, компир
Порции: 4
Состојки
600-700гркомпири
300грсланина
100гртопено сирење (може и кашкавал)
2-3јајца
3-4супени лажицибрашно
Колку што е потребнопресно млеко, брашно, лебни трошки, масло за готвење
По вкуссол и мелен црн пипер
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги компирите во солена вода. Потоа изгмечете ги до добивање на пире. Кон пирето додадете го маслото, млекото и зачинете со сол по ваш вкус. Може да додадете и други ваши омилени зачини. Оставете го пирето да се излади.
Во меѓувреме исечете го кашкавалот (топеното сирење) на големи коцки. Скршете ги јајцата и изматете ги во соодветен сад.
Оформете топчиња од пирето, а во средината на секое топче додадете парче кашкавал, а одозгора добро завиткајте го во 2 парчиња сланина. Секое топче потопете го во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
Поставете ги ќофтињата приготвени на овој начин да се пржат, до добивање на златна и крцкава кора.