Ако обожавате компири, особено ќофтиња приготвени од компир, тогаш следните рецепт вреди да го пробате. Станува збор за компирови топчиња со фил од топено сирење и сланина, на кои дефинитивно никој не може да одолее!

Компирови ќофтиња со топено сирење

Ако обожавате компири, особено ќофтиња приготвени од компир, тогаш следните рецепт вреди да го пробате. Станува збор за компирови топчиња со фил од топено сирење и сланина, на кои дефинитивно никој не може да одолее!
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: компир, ќофтиња од компир, сланина, топено сирење
Порции: 4

Состојки

  • 600-700 гр компири
  • 300 гр сланина
  • 100 гр топено сирење (може и кашкавал)
  • 2-3 јајца
  • 3-4 супени лажици брашно
  • Колку што е потребно пресно млеко, брашно, лебни трошки, масло за готвење
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Најпрво сварете ги компирите во солена вода. Потоа изгмечете ги до добивање на пире. Кон пирето додадете го маслото, млекото и зачинете со сол по ваш вкус. Може да додадете и други ваши омилени зачини. Оставете го пирето да се излади.
  • Во меѓувреме исечете го кашкавалот (топеното сирење) на големи коцки. Скршете ги јајцата и изматете ги во соодветен сад.
  • Оформете топчиња од пирето, а во средината на секое топче додадете парче кашкавал, а одозгора добро завиткајте го во 2 парчиња сланина. Секое топче потопете го во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
  • Поставете ги ќофтињата приготвени на овој начин да се пржат, до добивање на златна и крцкава кора.