Чоколадна торта без брашно, шеќер и путер
Денес ви откриваме златен и супер лесен рецепт за чоколадна торта, за која нема да ви биде потребно ниту брашно, ниту путер ни шеќер. Нејзината подготовка ќе ви одземе неверојатно малку време, а на нејзиниот извонреден вкус ќе останете без зборови!
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чоколадна торта
Порции: 4
- 300 гр темно чоколадо
- 6 јајца
- 10 гр какао во прав
- 2 прстофати сол
- 400 гр крем сирење
- 200 мл павлака
- 50 гр ф'стаци или други јаткасти плодови по ваш вкус
Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките со прстофат сол до добивање соединета смеса. Додадете го и какаото и добро измешајте ги состојките.
Растопете 150 гр чоколадо и додадете го кон смесата со жолчките и добро измешајте до добивање мазна смеса.
Изматете ги белките со прстофат сол до добивање цврста пена. Внимателно исипете ја добиената смеса во чоколадната смеса.
Покријте соодветен сад со хартија за печење и подеднакво распоредете го тестото. Поставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 180°C. Оставете го пандишпанот да се излади, а потоа исечете ги неговите краеви.
Отстранете ја хартијата за печење и исечете го пандишпанот на 4 еднакви правоаголници.
Сега пригответе го кремот. Изматете ја павлаката со крем сирењето, до добивање на мека соединета смеса.
Растопете го преостанатото чоколадо, додадете малку павлака кон истото и измешајте до добивање соединета смеса. Потоа додадете ја чоколадната смеса во кремастата смеса и добро измешајте.
Последен чекор е оформувањето на тортата. Со помош на готварски шприц, нанесете од филот врз првиот пандишпан и нанесете од сомелените ф'стаци. Повторете ја постапката 3 пати. Поставете ја тортата во ладилникот да отстои 1 час.