Денес ви откриваме златен и супер лесен рецепт за чоколадна торта, за која нема да ви биде потребно ниту брашно, ниту путер ни шеќер. Нејзината подготовка ќе ви одземе неверојатно малку време, а на нејзиниот извонреден вкус ќе останете без зборови!

Чоколадна торта без брашно, шеќер и путер

Денес ви откриваме златен и супер лесен рецепт за чоколадна торта, за која нема да ви биде потребно ниту брашно, ниту путер ни шеќер. Нејзината подготовка ќе ви одземе неверојатно малку време, а на нејзиниот извонреден вкус ќе останете без зборови!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чоколадна торта
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр темно чоколадо
  • 6 јајца
  • 10 гр какао во прав
  • 2 прстофати сол
  • 400 гр крем сирење
  • 200 мл павлака
  • 50 гр ф'стаци или други јаткасти плодови по ваш вкус

Начин на подготовка

  • Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките со прстофат сол до добивање соединета смеса. Додадете го и какаото и добро измешајте ги состојките.
  • Растопете 150 гр чоколадо и додадете го кон смесата со жолчките и добро измешајте до добивање мазна смеса.
  • Изматете ги белките со прстофат сол до добивање цврста пена. Внимателно исипете ја добиената смеса во чоколадната смеса.
  • Покријте соодветен сад со хартија за печење и подеднакво распоредете го тестото. Поставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 180°C. Оставете го пандишпанот да се излади, а потоа исечете ги неговите краеви.
  • Отстранете ја хартијата за печење и исечете го пандишпанот на 4 еднакви правоаголници.
  • Сега пригответе го кремот. Изматете ја павлаката со крем сирењето, до добивање на мека соединета смеса.
  • Растопете го преостанатото чоколадо, додадете малку павлака кон истото и измешајте до добивање соединета смеса. Потоа додадете ја чоколадната смеса во кремастата смеса и добро измешајте.
  • Последен чекор е оформувањето на тортата. Со помош на готварски шприц, нанесете од филот врз првиот пандишпан и нанесете од сомелените ф'стаци. Повторете ја постапката 3 пати. Поставете ја тортата во ладилникот да отстои 1 час.