Go Back

Највкусниот ролат готов за 15 минути

Не секој обожава да пече десерти, бидејќи вообичаено овој процес одзема многу време, но и состојки. Токму за оваа цел, денес ви откриваме чудесен рецепт за највкусниот ролат, кој ќе биде готов на маса за само 15 минути, со волшбен неодолив вкус!
Вкупно време15 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Клучни зборови: ролат
Порции: 4

Состојки

  • Половина шолја шеќер
  • 3 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 2 супени лажици мед
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 кафена шолја оцет
  • Крем или џем за полнење на ролатот, по ваш вкус

Начин на подготовка

  • Во заеднички сад, измешајте ги брашното и шеќерот.
  • Изматете ги јајцата и додадете мед.
  • Измешајте ја содата со оцет и добро измешајте ги повторно сите состојки заедно. Тестот за ролатот е готово!
  • Земете хартија за печење (40х40), покријте го садот со истата и премачкајте со масло за готвење. Пандишпанот треба да биде всушност тенок слој (2-3 цм висок). Печете 5-7 минути во загреана рерна на 180°C.
  • Следно, извадете го од рерна и одозгора покријте со влажна крпа, со цел полесно да се свиткува. На крај наполнете го ролатот со џем, слатко или крем по ваша желба и одозгора декорирајте го доколку сакате, со глазура.