Go Back

Најдобрите домашни мафини

Овие домашни мафини убедливо важат за едни од најдобрите рецепти кои веднаш ќе ги освојат сите љубители на благото и десертите. Истите се неверојатно меки, бидејќи се приготивени и со гриз, а не само со брашно. Еве како уште денес може да ги направите!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: колачи
Порции: 4

Состојки

  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • 1 кафена шолја гриз
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја брашно

Начин на подготовка

  • Исипете го гризот во длабок сад и притоа додадете го и киселото млеко и оставете ја смесата да отстои така 40 минути. Потоа скршете го јајцете и добро изматете го.
  • Додадете ја содата кон тестото, а на крај додадете ги шеќерот и брашното. Замесете го тестото со помош на блендер или миксер.
  • Наполнете ги калапите за мафини со 2/3 од тестото и поставете ги да се печат 40 минути на 200°C.