Колач со јаболка и кисело млеко
Во сезона на вкусните јаболка, овој златен рецепт едноставно вреди да се проба! Се приготвува многу лесно, има вкус на кој ретко кој може да одолее, а со неговото консумирање воопшто не мора да се грижите за калориите и вишокот килограми.
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: јаболка, диетален колач, колач, кисело млеко
Порции: 4
- 200 гр кисело млеко
- 200 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 2 јајца
- 2 јаболка
- 12 гр ванила
- 1 кафена лажица сок од лимон
- 1 кафена лажица пециво
- 1 кафена лажица шеќер во прав
Во заеднички сад измешајте ги брашното, киселото млеко и двата вида на шеќери. Добиената смесата оставетр ја да отстои 30 минути во ладилникот.
Излупете и изрендајте ги јаболката, а потоа полејте ги со сок од лимон.
Кон смесата додадете јајца, пециво и изренданите јаболка и добро измешајте.
Премачкајте го садот за печење со малку масло и исипете го тестото во истиот. Печете 35-40 минути на 180°C. Почекајте колачот да се излади, а потоа одозгора нанесете шеќер во прав.