Во сезона на вкусните јаболка, овој златен рецепт едноставно вреди да се проба! Се приготвува многу лесно, има вкус на кој ретко кој може да одолее, а со неговото консумирање воопшто не мора да се грижите за калориите и вишокот килограми.

Колач со јаболка и кисело млеко

Во сезона на вкусните јаболка, овој златен рецепт едноставно вреди да се проба! Се приготвува многу лесно, има вкус на кој ретко кој може да одолее, а со неговото консумирање воопшто не мора да се грижите за калориите и вишокот килограми.
Вкупно време2 часа
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: јаболка, диетален колач, колач, кисело млеко
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр кисело млеко
  • 200 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 2 јаболка
  • 12 гр ванила
  • 1 кафена лажица сок од лимон
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1 кафена лажица шеќер во прав

Начин на подготовка

  • Во заеднички сад измешајте ги брашното, киселото млеко и двата вида на шеќери. Добиената смесата оставетр ја да отстои 30 минути во ладилникот.
  • Излупете и изрендајте ги јаболката, а потоа полејте ги со сок од лимон.
  • Кон смесата додадете јајца, пециво и изренданите јаболка и добро измешајте.
  • Премачкајте го садот за печење со малку масло и исипете го тестото во истиот. Печете 35-40 минути на 180°C. Почекајте колачот да се излади, а потоа одозгора нанесете шеќер во прав.