Француски крем4
За денес ви предлагаме да го пробате следниот чудесен француски крем, кој се приготвува неверојатно брзо и лесно, не ви се потребни многу состојки, а неговиот вкус не остава никого рамнодушен!
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: домашен крем, крем
Порции: 4
- 2 јајца
- 400 гр пресно млеко
- 4 супени лажици нишесте
- Половина шолја шеќер
Измешајте го нишестето заедно со половината од шеќерот. Потоа кон смесата додадете ги двете јајца и добро измешајте до добивање на смеса без грутки.
Преостанатиот шеќер исипете го во мало тенџере и потоа додадете го и пресното млеко. Оставете ја смесата на оган, додека да зоврие. Потоа смесата со врелото млеко во смесата со нишестето, задолжтелно тоа правете го бавно.
Потоа вратете ја смесата назад во тенџерето и оставете јада се вари на тивок оган. Потребни се само неколку минути, додека кремот да стане густ. На крај кога ќе биде готов, поделете го во повеќе чинии и декорирајте по ваша желба.