Go Back

Тиквички на француски начин

Ако целото ваше семејство обожава тиквички, тогаш изненадете ги со уште еден уникатен рецепт. Станува збор за тиквички приготвени на француски начин, со ориз и кашкавал, чиј вкус воодушевува!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Француска
Клучни зборови: тиквички, ориз

Состојки

  • 100 гр путер
  • 400 гр тиквички
  • 1 кафена лажица сол
  • 2 супени лажици пченично брашно
  • 150 гр кашкавал
  • 400 мл млеко
  • Половина кафена лажица индиско оревче
  • 4 супени лажици ориз
  • По вкус зачини

Начин на подготовка

  • Додадете 30 грама путер во загреана тава, а потоадодадете ги и тиквичките, крупно изрендадни. Добро измешајте и додадете половина кафена лажица сол. Лесно запржете го зеленчукот.
  • За да го приготвите сосот, додадете уште 30 грама путер на среден оган, додадете го и брашното и добро измешајте ги состојките. Ситно изрендајте го кашкавалот и додадете го во садот со путерот и брашното. Продолжете да мешате, додека истовремено го додавате врелото млеко.
  • Додадете го преостанатиот дел од солта и индиското оревче, додека брзо мешате и додека состот да стане доволно густ.
  • Додадете ги тиквичките кон добиениот сос и кренете гос адот од оганот. Кон него додадете го сварениот ориз и исечените зачини.
  • Премачкајте соодветен сад со 10 грама путер и подеднакво распоредете ја смесата од тиквичките и оризот.
  • Сито изрендајте го остатокот од кашкавалот и нанесете одозгора врз јадењето. Додадете и коцки путер одозгора.
  • Загрејте ја рерната до 170°C и поставете го јадењето да се пече 20 минути, додека кората од кашкавал да стане златно-кафеава. Додадете на крај зачини по ваш вкус.