Go Back

Ќофтиња од пире од компири

Ако имате вишок пире од компири, кое останало од ручекот или претходниот ден, а не би сакале да го фрлите, тогаш пробајте го следниот извонреден рецепт со ќофтиња, кој не остава никого рамнодушен!
Вкупно време45 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: ќофтиња, ќофтиња од компир, пире
Порции: 4

Состојки

  • 600 гр компир
  • 230 гр кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 2 супени лажици пченично брашно
  • 1 страк копар
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Подгответе пире од компири или искористете го веќе направеното, пример од претходниот ден. Ситно исечете го свежиот копар.
  • Исечете го кромидот на коцки и испржете го до златно-кафеава боја во растително масло. Додадете го кромидот кон компирите,зачинете со сол и мелен црн пипер, по ваш вкус и добро измешајте ја смесата.
  • Кон пирето додадете 1 јајце и 2 супени лажици брашно. Добро измешајте ги сите состојки заедно. Поставете го пирете врз хартија за печење и со супена лажица израмнете го. Не заборавајте хартијата да ја премачкате со масло, за да ќофтињата не се залепат.
  • Поставете ги ќофтињата да се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200°C, до добивање златна крцкава кора. Пријатен апетит!