Нема попрактично и побрзо јадење од ова – Тие се прв избор за готвење на секој во зафатеното секојдневие, во кое немаме премногу слободно време. Еве како да ги приготвите вкусните кашкавалки!
Вкупно време20 минути мин
Оброк: Појадок
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, кашкавалки
Порции: 4
- 150 гр кашкавал
- 2 шолји пченично брашно
- 1 шолја кисело млеко
- Половина кафена лажица сол
- Половина кафена лажица шеќер
- Половина кафена лажица сода бикарбона
Лесно загрејте го киселото млеко и исипете го во длабок сад, а потоа додадете ги шеќерот, солта и содата и добро измешајте ги состојките. Оставете ја добиената смеса да отстои 5 минути.
Ситно изрендајте го кашкавалот и заедно со брашното додадете го кон млечната смеса. Замесете го тестото, најпрво со лажица, а потоа 3 минути месете со раце.
Поделете го тестото на 5 еднакви делови и од истото оформете мали тенки пити.
Поставете малку масло во тава и поставете ги кашкавалките да се пржат, додека да добијат златна боја. Пржете под капак на среден оган, околу 2-3 минути и од двете страни.