Нема попрактично и побрзо јадење од ова – Тие се прв избор за готвење на секој во зафатеното секојдневие, во кое немаме премногу слободно време. Еве како да ги приготвите вкусните кашкавалки!

Нема попрактично и побрзо јадење од ова – Тие се прв избор за готвење на секој во зафатеното секојдневие, во кое немаме премногу слободно време. Еве како да ги приготвите вкусните кашкавалки!
Вкупно време20 минути
Оброк: Појадок
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, кашкавалки
Порции: 4

Состојки

  • 150 гр кашкавал
  • 2 шолји пченично брашно
  • 1 шолја кисело млеко
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица шеќер
  • Половина кафена лажица сода бикарбона

Начин на подготовка

  • Лесно загрејте го киселото млеко и исипете го во длабок сад, а потоа додадете ги шеќерот, солта и содата и добро измешајте ги состојките. Оставете ја добиената смеса да отстои 5 минути.
  • Ситно изрендајте го кашкавалот и заедно со брашното додадете го кон млечната смеса. Замесете го тестото, најпрво со лажица, а потоа 3 минути месете со раце.
  • Поделете го тестото на 5 еднакви делови и од истото оформете мали тенки пити.
  • Поставете малку масло во тава и поставете ги кашкавалките да се пржат, додека да добијат златна боја. Пржете под капак на среден оган, околу 2-3 минути и од двете страни.