Додадете го квасецот во топло пресно млеко заедно со 1 супена лажица шеќер и се остава на топло да раствори.
За тоа време, изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа постепено додадете го растопениот и изладен путер (а може и масло за готвење). Додадете ги и растворениот квасец, ванилата, изренданата кора од лимон и брашното и добро измешајте до добивање на меко тесто.
Измешајте го тестото со миксер, со што значително ќе го олесните месењето. Кога тестото ќе започне да се одделува од ѕидовите на садот, преместете го на работната површина и лесно замесете.
Покријте со крпа и оставете го да отстои на топло. Потоа, замесете по втор пат, при што вториот пат тестото се замесува со масло за готвење.
Од ова количество на тесто може да приготвите 2 средноголеми козунака. Поделете и обликувајте ги како вам ви е најлесно.
Тестото се поставува во сад премачкан со масло и се остава да отстои, додека целосно да ја исполни формата. Одозгора се премачкува со жолчка и се нанесува шеќер.
Поставете го тестото да се пече загреана рерна на 180°C.