Чудесниот сладок леб познат како „козунак“ е омилен и традиционален рецепт во Романија, кој воедно е симбол во секој дом за време на Велигден. Еве како лесно се приготвува.

Сладок леб на традиционален романски начин

Чудесниот сладок леб познат како „козунак“ е омилен и традиционален рецепт во Романија, кој воедно е симбол во секој дом за време на Велигден. Еве како лесно се приготвува.
Вкупно време2 часа
Оброк: закуска
Кујна: Романска
Клучни зборови: леб, сладок леб
Порции: 4

Состојки

  • 40 гр свеж квасец
  • 6 јајца
  • 300 мл пресно млеко
  • 250 гр шеќер
  • 150 гр путер на собна температура
  • 1 кора од лимон
  • 1 прстофат сол
  • 1 јајјце (за премачкување)

Начин на подготовка

  • Додадете го квасецот во топло пресно млеко заедно со 1 супена лажица шеќер и се остава на топло да раствори.
  • За тоа време, изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа постепено додадете го растопениот и изладен путер (а може и масло за готвење). Додадете ги и растворениот квасец, ванилата, изренданата кора од лимон и брашното и добро измешајте до добивање на меко тесто.
  • Измешајте го тестото со миксер, со што значително ќе го олесните месењето. Кога тестото ќе започне да се одделува од ѕидовите на садот, преместете го на работната површина и лесно замесете.
  • Покријте со крпа и оставете го да отстои на топло. Потоа, замесете по втор пат, при што вториот пат тестото се замесува со масло за готвење.
  • Од ова количество на тесто може да приготвите 2 средноголеми козунака. Поделете и обликувајте ги како вам ви е најлесно.
  • Тестото се поставува во сад премачкан со масло и се остава да отстои, додека целосно да ја исполни формата. Одозгора се премачкува со жолчка и се нанесува шеќер.
  • Поставете го тестото да се пече загреана рерна на 180°C.