Солени колачиња со кашкавал- Со шолја кисело млеко до цел куп, совршени за ненајавени гости
Доколку наеднаш ви се пријаде нешто солено, но маркетот е затворен или пак ви дошле
ненајавени гости, а немате ништо дома, ова е совршениот рецепт за вакви итни
случаи!
Вкупно време45 минути мин
Оброк: Snack
Кујна: American
Клучни зборови: кашкавал, солени колачи, кашкавалки
Порции: 4
- 1 кафена лажица шеќер
- Половина кафена лажица сода бикарбона
- 120 гр кашкавал
- Половина кафена лажица сол
- 2 супени лажици растително масло
- 200 мл кисело млеко
- 250 гр брашно
Исипете го киселото млеко во сад. Прво, кон истото додадете ја содата и оставете да отстои 5 минути.
Во меѓувреме, изрендајте го кашкавалот.
Додадете ги сите останати состојки во садот со киселото млеко, освен брашното. Добро
измешајте ја смесата.
Следно, пресејте го брашното и со лажица по лажица, додадете го кон смесата со киселото млеко, додека непрекинато мешате. Замесете го тестото.
Нанесете брашно на работната површина и лесно замесете го тестото. Истото потоа поделете го на половина. Секоја од половината оформете ја како ролат и завиткајте во
проѕирна фолија, притоа оставете го тестото во замрзнувачот на половина час.
Потоа извадете го тестото и исечете го на кругови со дебелина од 1 цм. Покријте го
садот за печење со соодветна хартија, наредете ги одозгора бисквитите и
поставете ги да се печат 20 минути,. во претходно загреана рерна на 180°C.