Доколку наеднаш ви се пријаде нешто солено, но маркетот е затворен или пак ви дошле ненајавени гости, а немате ништо дома, ова е совршениот рецепт за вакви итни случаи!

Солени колачиња со кашкавал- Со шолја кисело млеко до цел куп, совршени за ненајавени гости

Доколку наеднаш ви се пријаде нешто солено, но маркетот е затворен или пак ви дошле
ненајавени гости, а немате ништо дома, ова е совршениот рецепт за вакви итни
случаи!
Вкупно време45 минути
Оброк: Snack
Кујна: American
Клучни зборови: кашкавал, солени колачи, кашкавалки
Порции: 4

Состојки

  • 1 кафена лажица шеќер
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 120 гр кашкавал
  • Половина кафена лажица сол
  • 2 супени лажици растително масло
  • 200 мл кисело млеко
  • 250 гр брашно

Начин на подготовка

  • Исипете го киселото млеко во сад. Прво, кон истото додадете ја содата и оставете да отстои 5 минути.
  • Во меѓувреме, изрендајте го кашкавалот.
  • Додадете ги сите останати состојки во садот со киселото млеко, освен брашното. Добро
    измешајте ја смесата.
  • Следно, пресејте го брашното и со лажица по лажица, додадете го кон смесата со киселото млеко, додека непрекинато мешате. Замесете го тестото.
  • Нанесете брашно на работната површина и лесно замесете го тестото. Истото потоа поделете го на половина. Секоја од половината оформете ја како ролат и завиткајте во
    проѕирна фолија, притоа оставете го тестото во замрзнувачот на половина час.
  • Потоа извадете го тестото и исечете го на кругови со дебелина од 1 цм. Покријте го
    садот за печење со соодветна хартија, наредете ги одозгора бисквитите и
    поставете ги да се печат 20 минути,. во претходно загреана рерна на 180°C.