Ќофтиња од компир со урда- Со малку производи до кралска вечера!
Два компири, едно јајце и едно пакување урда, рецептот е
толку едноставен, а толку вкусен. Со сигурност веднаш ќе ги освоите вашите
најблиски, без многу труд!
Вкупно време30 минути мин
Оброк: Вечера
Кујна: Mexican
Клучни зборови: урда, компир, ќофтиња
Порции: 4
- 300 гр компири
- 180 гр урда
- 1 јајце
- 5 супени лажици брашно
- По вкус сол
Изматете го јајцето, а потоа кон истото додадете ја
урдата и добро измешајте ги состојките. За оваа, цел одлично би било да
употребите и блендер, за добивање на што посоединета смеса.
Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Поставете
ги да се варат, до нивно целосно сварување. При варењето додадете малку сол.
Откако компирите ќе се сварат и изладат, кон истите додадете
ја смесата од урдата и јајцето. Добро измешајте ја целата смеса.
Во добиената смеса додадете брашно, постепено по една
супена лажица, односно вкупно 5 супени лажици. Штом тестото ќе започне да се
соединува, престанете со додавање на брашното.
Разделете го тестото на 10 мали топки, притоа истите
лесно притиснете ги и од двете страни.
Испржете ги во тава, што ќе ви одземе неколку минути.