Посен колач без масло, со кајсии и темно чоколадо
Највксуниот колач се приготвува на најлесниот начин со наједноставните состојки. Станува збор за посен колач за чија подготовка нема да ви биде потребно масло за готвење, а неговиот неодолив вкус од кајсии и темно чоколадо е совршена комбинација со шолја кафе!
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: чоколаден колач, посен колач, темно чоколадо, кајсии
Порции: 4
- 2 шолји брашно
- 1 супена лажица цимет
- 1 шолја шеќер
- Малку сода бикарбона
- 3 супени лажици џем од кајсии
- 250 мл кисела вода
За преливот
- 5 супени лажици џем од кајсии
- 50 гр ореви
- 100 гр темно чоколадо
Измешајте ги сите суви состојки заедно: Брашното, циметот, шеќерот и содата бикарбона. Потоа додадете ја и киселата вода и повторно измешајте. Додадете и џем. Поставете го колачот да се пече 20 минути на 200°C.
Топлиот колач премачкајте го со џем, а потоа додадете ги крупно исечените ореви и растопеното темно чоколадо. Поставете го колачот во ладилникот да се излади пред да сервирате.